ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека градоначалникот на Центар Андреј Жерновски не реализира проекти од интерес на граѓаните, недомаќински ги троши општинските пари и оти ги занемарува реалните проблеми во општината.
Марија Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека Жерновски потрошил 1,2 милиони евра за две преуредени улици долги 370 метри, од што, според неа, било очигледно дека „нешто крие или пак се работи за сомнителни бизнис зделки“.

„Додека граѓаните имаат сериозни проблеми како недостиг на места во градинките, неасфалтирани улици во 21 век, проблеми со чистењето на снегот, недостиг на паркинг места за автомобилите и многу други работи, Жерновски им пружа уживање од 1,2 милиони евра на боемските улици пропратено со тамбураши и забави од типот на Стив Аоки кои чинат 100-тина илјади евра, а никогаш не настапи“, изјави Јакимовска.
Таа истакна дека граѓаните на Центар, напролет ќе стават крај на ова незаинтересирано и боемско владеење на Андреј Жерновски.