fbpx
28.8 C
Skopje

Јакимовски: Ако урбаната мафија загадува, СДСМ е лидер во загадувањето

АКТУЕЛНО

Градоначалникот на Општина Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски одговори на прозивките од страна на СДСМ за загадувањето во Каропш.

„СДСМ има најмалку право да зборува за загаденоста, за урбани мафии или било какви мафии, затоа што тие се творци на мафијата овде во градот Скопје. Татко на мафијата е токму Мирослав Грчев со градбите во Буњаковец, со Дебар Маало, со Универзална сала, а може да се види како денес тие изгледаат, а згора и градоначалникот од СДСМ кој беше на чело на општина Кисела Вода во периодот 2002-2006 година, чиј продукт е Стара рампа, во Кисела Вода. Уште помалку има право да зборува Душко Весовски кој е претседател на Општинската организација на СДСМ во Карпош, кој спротивно на мојата волја 2012 година, со помош на советниците од СДСМ и претседателот на советот на Општина Карпош Трифун Трифуновски, си вцрта маркица со која тој и неговото семејство „дебело“ профитираа. Оттаму, ако сега зборуваат дека градежништвото ја загадува околината во Општина Карпош, тој има најголем придонес дадено во загадувањето на Општината“, изјави Стевчо.

Според него, оптшината Карпош е онаа која сади цвеќиња по булеварите и гради паркови. Додека пак СДСМ е онаа која само критикува и не прави ништо друго.

„Општина Карпош и раководството на локалната власт се одговорни луѓе. – Ние сме тие кои го одржуваат зеленилото, ние сме тие кои што ја одржуваме хигиената. Јавно ги прашувам граѓаните на Карпош, кога последен пат виделе работник од Комунална хигиена да ги чисти улиците во Општина Карпош? Ние сме тие кои садиме цвеќиња по булеварите, ние сме тие кои градиме паркови. Само минатата година имаме посадено повеќе од 3.500 дрвја. За разлика од нас, СДСМ само критикува и не прави ништо повеќе“, додава Јакимовски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -