6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Јакимовски од Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ: Лавот е лав, а хиените се лешинари

Падот е врзан за генетескиот код, да се сака земјата и народ, а не за погрешна политика. Тоа е гревот што се става на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и на тие што ја водеа оваа влада, но таков грев не може да има. На власт сега дојде режим кој е подготвен да продаде се само за да владее, рече Стевчо Јакимовски од ГРОМ на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово.

– Сакам да му се заблагодарам на досегашниот претседател Никола Груевски, „криво седи право суди“. Тој покажа нов начин на менаџирање на владата, ние бевме сведоци дека е секојдневно на средби со граѓаните, дека отвора секој ден нови објекти, нема граѓанин кој не се офајди од оваа власт – дали се тоа пензионерите, администрацијата, 300-400 илјади луѓе кои ги легализираа домовите по едно евро. Скопје е поубаво од било кога. Лавот е најсилно суштество, но кога ќе му се соберат десетина хиени, ја напушта битката. Но хиените секогаш ќе бидат лешинари. Ние сме длабоко убедени дека и Груевски и соработниците ќе ја тргнат анатемата и во фер постапка ќе ја докажат својата невиност. ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија и сега дава придонес со овој потег за развојот на Република Македонија.

– Мора сите да застанеме заедно, да ги запреме овие во налудничавите идеи за Македонија, за тоа ќе ја имате поддршката на ГРОМ. Предавници имало и ќе има, рече Стевчо Јакимовски, претседател на ГРОМ

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -