fbpx
-4 C
Skopje

Јанчев: Работам во интерес на граѓаните на Кавадарци, посветено одговарам на секој предизвик

АКТУЕЛНО

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Заев го победи Црвенковски со 3:0 – ја направи СДСМ победничка партија, ја внесе Македонија во НАТО и е на чекор до ЕУ

Пенал(и) за Зоран Заев - фејсбук статус на Дарко Пешевски од ВМРО НП Го изгледав неколку пати интервјуто на премиерот но и го прочитав неколку...

Николовски: Граѓаните ќе добијат целосно обновена патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија,

Модернизацијата на паневропскиот Коридор е од исклучително значење за регионалното поврзување и соработка, како и за развој на домашната економија. Патниот правец Крива Паланка...

Митко Јанчев, градоначалник на општина Кавадарци и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во неговото вчерашно гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, рече дека тој како носител на јавна функција и човек кој се грижи за подобар и поквалитетен живот на граѓаните во град Кавадарци е загрижени и изненаден од начинот на кој се изгласа Законот за употреба на јазиците во Собранието на Република Македонија, од страна на СДСМ и владејачкото мнозинство.

Според него овој закон не е применлив и прифатлив кој создава голем гнев кај граѓаните.

-Без разлика кој на која политичка партија припаѓа, сметам дека демократијата мораме максимално да ја негуваме и во Собранието и во локалните самоуправи. Секако друго оправдување на било кој од овде дека не го распознавме гневот на граѓаните на Република Македонија, без разлика дали тоа се Македонци, Албанци, Роми, Власи, сметам дека ќе нанесеме уште поголем гнев кај граѓаните. Гневот на граѓаните е оправдан и сметам дека е легитимно во една демократија да го каже своето мислење преку мирни протести, како што и се во моментот протестите мирни и ненасилни, истакна Јанчев.

Тој додаде дека ова што сега се случува во државата се случува прв пат од независна Македонија. Како што рече тој ова е политички револт зошто на еден недемократски начин се донел законот за јазици.

-Кога еден пратеник кој што е избран од страна на граѓаните на демократски избори кога ќе се доведе во ситуација да го чува полиција ред куќа. Јас кога би се довел во таква ситуација, ќе бидам првиот кој ќе си поднесе оставка, бидејќи да ме чува полиција од сопствените граѓани не смее да си го дозволи никој пратеник ниту човек носител на јавна функција, кажа Јанчев.

Кога стапив на функцијата градоначалник на општина Кавадарци, локалната самоуправа беше во одлична состојба, без доспеани долгови и приближно 7 милиони денари на општинската сметка. Јас како градоначалник продолжив со таа добра финансиска клима и во делот на придобивките од делот на легализација. Ги намалив трошоците таму каде што сметав дека треба да се намали, но до сега немам отпуштено вработени од општината, рече во вчерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24 Вести, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

Тој истакна дека кога ја подготвувал својата четиригодишна програма точно знаел што е потребно за општината и за граѓаните на Кавадарци.

-Јавното претпријатие Комуналец е со нова опрема, наследен од претходното раководство. Јас успеав да набавам уште два камиона за комунален смет за извоз. комуналното претпријатие во претходните три години имаше околу 400.000 евра добивка. Комуналното претпријатие во претходните три години имаше околу 400.000 евра добивка, но, сега во моментот правиме петта хидроцентрала која е во склоп на јавното претпријатие во самиот водоводен систем Лукар, а со тоа ќе придонесеме дополнителни финансиски приходи во претпријатие, истакна Јанчев.

Според него секој градоначалник треба да се грижи за сопствениот град, а како резултат на неговото посветено работење врз основа на домаќинско работење на општината, Кавадарци добило 3 милиони евра гранд од Германската амбасада.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Доктор појаснува: Еве кога и како може да се заразите со Ковид-19 носејќи заштитна маска

„Колку почесто излегувате надвор и повеќе време поминувате во гужва, почесто треба да ја перете вашата заштитна маска или пак едноставно да ја фрлите...

Николов: Предвидуваме изградба на конзоли за пешаци на река Отиња.

За три години, локалната самоуправа предводена од СДСМ реализираше бројни капитални проекти, важни за унапредување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.Штип мора да...

Богојески распали по Груевски: Завалијава никаде го нема да гукни за бугарското прашање

Оваа завалијава никаде го нема да гукни за бугарското прашање... за стопирање на македонската интеграција во ЕУ... Но штом го чепнаа кај што го...

Венко Филипче со важна информација: Добивме 13.500 брзи тестови од Норвешка

Денеска добивме донација од 13500 брзи тестови од Норвешка, а 10000 од нив ќе бидат за Министерството за здравство. Оваа помош произлезе од потпишаниот...

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...
- Advertisement -