fbpx
30.8 C
Skopje

Јанева денес ќе образложи зошто се откажа од „Пуч“

АКТУЕЛНО

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, денеска, на покана на претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, во Советот на јавни обвинители ќе објасни зошто СЈО се откажало од кривично гонење на обвинетите во случајот „Пуч“.

За случајот „Пуч“ како обвинети лица се најдоа претседателот на СДСМ, Зоран Заев, Зоран Верушевски и неговата сопруга Соња Верушевска, Бранко Палифров службеник во Општина Струмица кои за делото „Пуч“ се товареа за шпионажа, насилство врз преставници на највисоките државни органи, неовластено прислушување и за тонско снимање.

На 18 јануари СЈО соопшти дека се откажува од д обвинителниот акт за „Пуч“. Од таму истакнаа дека ваквата нивна одлука  е со цел да се приберат дополнителни докази што во целост ќе ја разјаснат фактичката состојба и ќе овозможат донесување на правилна и законита јавнообвинителска одлука.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -