fbpx
37.8 C
Skopje

Јанева: Предметот „Пуч“ уште не е даден на Аневски

АКТУЕЛНО

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, по средбата со претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски истакна дека по средбата ќе следи заедничко соопштение од страна на Советот на јавни обвинители.

„Како што се договоривме со Советот, тие ќе издадат заедничко соопштение за средбата. Ова беше работна средба, и ќе има други наредни средби за надминување на нашите тековни проблеми“, вели Јанева.

Таа додаде дека не разговарале само за „Пуч“, туку за повеќе прашања.

На новинарско прашање дали предметот „Пуч“ е предаден на Аневски, обвинителката рече дека предметот уште не е даден на Аневски и дека дека се уште ќе се разговара пред да го дадат.

На прашање дали се точни информациите дека СЈО било Канал 5, Јанева не сакаше да даде одговор.

 

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -