fbpx
28 C
Skopje

Јанушев до власта: Се согласувам дека сте „на прав пат“, конечно да ги завршите политичките кариери

АКТУЕЛНО

Ја слушаме Шеќеринска како вели дека од држава без перспектива, направиле држава со надеж. Таква држава имале во изминатите години, откако оваа Влада е на власт. Ова било држава и без перспектива и без надеж. И најважно од се било тоа што сега никој не се плаши. Ќе продолжеле така или државата ќе била изолирана. Граѓаните ќе избирале повеќе плати и пензии или ќе ја доделеле власта на некои фамилии. Биле потребни уште подобри резултати и затоа ќе барале уште повеќе и од градоначалниците и од општините. Само така ќе биделе на прав пат, пишува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Перспектива со најнеуспешниот политичар во историјата на Република Македонија е “приказна која не поминува ни кај малите деца”. Надеж можеби има, но само кај оние неколкумина од криминално-рекетарската банда на Заев и Шеќеринска, и тоа лажна надеж дека “ќе се спасат”!, пишува Јанушев на Фејсбук и додава:

„Изолираноста на државата како алатка за “плашење” можеби “поминуваше” пред некоја година, во некои други времиња, денес … денес продолжете само со прогон на новинари, наместо да ги гоните криминалците. “Аман” немојте да барате повеќе од градоначалниците – најдобриот од нив нема повеќе од 5% рејтинг, на тоа требаше да мислите кога ги кандидиравте и кога правевте избирен инженеринг, нели?!? И нормално дека веќе никој нема да се плаши, нема од што да се плаши затоа што сите знаат дека сте готови! И за крај, се согласувам дека сте “на прав пат” конечно да ги завршите политичките кариери!“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -