Не можам да дадам датум. Ние не бегаме од избори, но не можеме да кажеме датум дури не помине кризата. Главната грижа е за граѓаните на Република Македонија и тоа треба да биде прв приоритет на сите во државата.
До тогаш треба да се преземат сите мерки за да се надмине оваа криза, вели Јанушев.
На прашањето на новинарот дали се за продолжување на вонредна состојба вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во гостување на ТВ24.
Да ги видиме сите работи кои ќе бидат презентирани утре на лидерската средба по што ќе се најде компромис во однос на тоа како ќе треба да се постапува понатака. И вториот пат кога се продолжи вонредната состојба, нас никој не не консултираше. Во моментов не би навлегувал во тоа дали треба или не треба. Ние имаме голем број на заразени, се уште има граѓани кои губат животи од овој вирус. Ние имаме и нови жаришта а тоа е Велес. Треба сите да се насочат кон преземање на мерки, тоа е примарната цел.