19 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Граѓаните на Иловица и Штука ќе одлучуваат за рудниците

Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните на Иловица и Штука ќе најдат дека тие ќе одлучуваат што ќе се случува со рудниците овде. Вие...

Мисајловски: Ѓорче Петров одбира обнова на Македонија

Мирче Ацев е едно од населените места во Ѓорче Петров каде што победничката атмосфера се чувствува на неколку денови пред 15-ти јули. Заедно со...

Јанушев: Никогаш нема да прифатам дека Гоце Делчев е бугарин

Никогаш нема да прифатам дека најсветлиот лик во македонската историја, симболот на македонштината, симболот на овој народ и нација, Гоце Делчев е Бугарин, изјави Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во „Само интервју“ на Канал 5.

Јанушев истакна дека прашањето дали Гоце Делчев е Македонец или Бугарин почна да се проблематизира од Заев и затоа Заев е злото кое мора да се прати во историјата.

-Вие како прилепчанец, Македонец треба да прифатите дека Гоце Делчечв Бугарин? Дека Страшо Пинџур и Мирче Ацев биле терористи и кој ги убил? Ако фактите се утврдуваат на страната посилниот и на тој што може утре да ти прави проблеми, и ако другата страна прифаќа, тоа не е утврдување на факти, тоа е класична уцена, потенцираше Јанушев.

Тој посочи дека мора да се работи на принципи, а не вака како сега и потсети на изјавата на Пендаровски кој го направи Гоце Делчев Бугарин.

Додаде дека не може да се лаже, истакнатите борци како Страшо Пинџур и Мирче Ацев не биле убиени од марсовци, исто и тие во Ваташа, мора да се изнесат фактите, не смее да се менува.

-Гледам денес Меркел во посета била на Аушвиц, се како што треба, и тоа е како да излезе утре и да каже дека Германија еден период од своето постоење немало фашизам, нацизам, не биле тие. Тоа не е утврдување на факти, тоа е брутално лажење, нагласи Јанушев.

Latest Posts

Мицкоски: Граѓаните на Иловица и Штука ќе одлучуваат за рудниците

Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните на Иловица и Штука ќе најдат дека тие ќе одлучуваат што ќе се случува со рудниците овде. Вие...

Мисајловски: Ѓорче Петров одбира обнова на Македонија

Мирче Ацев е едно од населените места во Ѓорче Петров каде што победничката атмосфера се чувствува на неколку денови пред 15-ти јули. Заедно со...

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.