fbpx
8 C
Skopje

Јанушев: Талат Џафери и владејачкото мнозинство предводено од СДСМ и Заев брутално го погазуваат Уставот

АКТУЕЛНО

Царовска : Штипјани треба да бидат горди што имаат можност да го изберат Сашко Николов за градоначалник

Штипјани треба да бидат горди што имаат ваков сограѓанин од една страна , но уште поважно што може да го изберат за градоначалник. Тој...

Богоjeски со жестока порака до Милошоски и Апасиев:Македонците и Албанците имаме слична историја и исти маки сме препатиле

Обидот на типчиња како Антоњо и Апашиненко да направат меѓуетнички судири во Македонија со приказната за “шиптарот Османи кој ги продава македонскиот идентитет и...

Николов: Социјална правичност и еднаквост за сите штипјани

ПРВА ЛИНИЈА Home ИЗБОРИ Николов: Социјална правичност и еднаквост за сите штипјани December 1, 2020 13:10 Како иден градоначалник се обврзувам дека ќе продолжам да работам...

Бочварски: Државата ќе стане сериозен играч во однос на пазарот на гас

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека гасификацијата е еден од приоритетите на Владата и оти кракот кој поминува низ од Куманово,...

Законот за двојазичност е противуставен, донесен во нелегална процедура, а со тоа и штетен. Ова се главните причини заради кои што ВМРО-ДПМНЕ денес поднесува иницијатива до Уставниот суд за оцена на уставноста на Законот за двојазичност, кој беше донесен на насилнички начин од страна на власта, со газење на Уставот, законите и процедурите за донесување и објавување на законите, изјави на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев кој додаде:

„Указот за прогласување на законот за двојазичност е објавен само со потпис на Талат Џафери и без потпис на Претседателот на државата – Ѓорѓе Иванов, што е во целосна спротивност на Член 75 од Уставот, кој предвидува указите за прогласување на законите задолжително да се потпишуваат од Претседателот на Република Македонија. На указот на Законот за двојазичност стои единствено потписот на Талат Џафери, кој се потпишал во име на претседателот на држава – иако на претседателот на државата, ниту му престанала функцијата, ниту бил спречен да ја врши, што е уште една незаконитост спротивна на Член 82 од Уставот. Тоа значи дека во конкретниов случај не е исполнет ниту еден од условите указот да биде потпишан од Џафери во име на Претседателот на државата.“

Јанушев потенцираше дека Талат Џафери и владејачкото мнозинство предводено од СДСМ и Заев брутално го погазуваат Уставот.

„Законот за двојазичност е во целосна спротивност со амандманот 5 од Уставот на Република Македонија, кој вели дека „На целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи, службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.“ Со Законот за двојазичност – македонскиот јазик се изедначува со секој друг јазик кој го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија и со тоа македонскиот јазик од кохезивен фактор во општеството се претвора во еден од двата службени јазици, што е незаконски и противуставно.“

Тој додава дека дополнително власта врши прекршување и при носењето на законот, бидејќи Законот за двојазичност е закон кој уредува и прашања за употреба на јазикот во судските постапки и органите на државната управа и општините, кои според Член 98 и Член 119 од Уставот се носат со двотретинско мнозинство.

„Уставните прекршувања мора веднаш да запрат. Република Македонија мора да биде правна држава, а не држава во која ќе се гази највисокиот правен акт. ВМРО-ДПМНЕ бара од Уставниот суд донесување на времена мерка – запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземаат врз основа на Законот за двојазичност и Указот за прогласување на истиот, чија уставност се оспорува, од причина што доколку започне да се применува постои ризик од настанување на штетни последици.“

Апелираме до Уставниот суд да одлучува со најголема итност, почитувајќи ги Уставот и воспоставените практики од минатото и да донесе одлука со која ќе се укине Законот за двојазичност. Незаконието мора да запре и одговорност мора да има. СДСМ мора да си замине и токму затоа потребни се итни предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, подвлече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Звучи како виц, но не е: Маж испешачил 400 километри за да ја разбистри главата по кавгата со жена му

Мажот бил запрен од полицијата рано во понеделникот во близина на Фано во централна Италија. Тој беше уморен и премрзнат, изјави полицаецот Антонио Скванци. Тој на...

Најново: Кафеаните, кафулињата, трговските центри ќе затвораат во 17 часот – соседна Србија со најнови мерки

Српската Влада денеска треба да усвои нови мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, предложени од Кризниот штаб. Една од мерките ќе биде угостителските...

ТАЖНА ВЕСТ од Скопје: Пријавено безживотно тело на Бит Пазар на момче кое имало само 27 години

На 01.12.2020 во 05.25 часот било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат М.Ш.(27) од Скопје. Од страна на лекар од Итна...

Панталони исечени како танга: Карлеуша во многу провокативно издание (Фото)

Кога надворешната температура е само 5 степени српската пејачка Јелена Kарлеуша е во секси стајлинг, панталони исечени како танга, халтери, долна облека исто како...

Штотуку објави: Јоци распали по Апасиев – мизеријо, како не ти е срам?

Истите лекари и сестри, на кои #факфејс Апасиев и Крмов, им блокираат со вмровци работа на Собрание и носење Буџет, со 3.000 амандмани,...
- Advertisement -