fbpx
-4 C
Skopje

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ бара итно повлекување на Законот за јазици од страна Владата на СДСМ

АКТУЕЛНО

Николовски: Граѓаните ќе добијат целосно обновена патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија,

Модернизацијата на паневропскиот Коридор е од исклучително значење за регионалното поврзување и соработка, како и за развој на домашната економија. Патниот правец Крива Паланка...

СДСМ и функционерите застануваат зад премиерот Зоран Заев: Бранко е историја

Искажаните ставови на претседателот на партијата и премиер, Зоран Заев, се ставови на СДСМ. Овие ставови се изградени во рамки на партијата и нејзините органи,...

Убава информација Државата од денеска започна со исплата до 11.000 денари за пензионерите

УБАВА ВЕСТ УТРОВО: Државата од денеска почна да исплаќа до 11.000 денари за сите пензионери Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите за...

Заев: Нам ни треба историја која гради мост на пријателство

Дозволете најпрво да изразам жалење што моето интервју за бугарскиот медиум предизвика толку силни негативни емоции, за кои сум целосно свесен и кои ги...

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на денешната прес-конференција истакна дека Законот за јазици кој беше предложен од владата, а изгласан од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ е неуставен, и практично неприменлив.

-Со ова решение злоупотребено е и европското знаменце на законот, а воедно се придонесува и кон изградба на паралелен систем во државата, спротивно на правниот нормативен систем. Со овој закон се надминува Уставот, се влијае и на менување на карактерот на државата притоа загрозувајќи го суверенитетот на истата и доведувајќи ја во прашање нејзината унитарност.Законот за јазици Владата сака да го протурка на мала врата, без поширока консултација со стручната и експертска јавност која во голем дел се изјасни против. Воедно овој закон се носи и без присуство на опозицијата во Парламентот што укажува на штетноста на законското решение и неспремноста низ демократски амбиент да се носат решенија од кој корист ќе имаат сите граѓани во Република Македонија, вели Јанушев.

Тој посочува дека истовремено со овој закон ќе се влијае и ќе се создаде еден гломазен и нефункционален систем, чија примена ќе има и практични потешкотии.

-Предлагачот на овој закон е Владата на Република Македонија која е предводена од Зоран Заев, а негов потписник е заменик претседателот на владата, Радмила Шекеринска. ВМРО-ДПМНЕ ја повикува владата да го ПОВЛЕЧЕ ова штетно за државата и граѓаните противуставно законско решение. Притоа бараме да се формираат работни групи составени од претставници на сите парламентарни групи во Собранието на Република Македонија, со вклучување на експертска и стручна јавност од Правните факултети во државата, претставник од кабинетот на Претседателот на Република Македонија господинот Ѓорѓе Иванов, како и претставници од Македонската Академија на Науките и Уметностите и истите треба да работат на утврдување на потребата за носење на ваков закон и отстранување на неуставните елементи на законот за јазици. Секое унапредување на правата на заедниците, треба да е во рамките на Уставот на Република Македонија и низ процес на консултации со релевантните субјекти и експертската јавност, вели тој.

Јанушев нагласи дека очекуваат разумен одговор од владата и однесување кое е во согласност со интересите на државата и сите нејзини граѓани. Потребен е дијалог за сите отворени прашања.

-Вистинскиот натпревар и бенефит за граѓаните треба да е економијата, а не темите кои се злоупотребуваат од субјектите на власта и тоа за дневно политички теми. Вистинскиот фокус треба да се областите кои реално ќе го подобрат животот и ќе го унапредат животниот стандард на граѓаните кој во реалноста и понатаму опаѓа. Интегрирано општество ќе се постигне со економски напредок и инвестиции, со подобро образование, со подобро здравство. Не со теми кои ќе ја дефокусираат јавноста од реалните проблеми на граѓанинот, нагласи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Писмo од Тито: Потврдувaaдека Бугарија учествувала во ослободувањето на Македонија

Во текст објавен на 360 степени се пренесуваат дел од писмата на Јосип Броз Тито кои тој во 1944 година ги испраќал до неговите...

Васко Ефтов: Заев успеа да се справи и со Црвенковски и со Груевски, Бранко тоа не може да го поднесе

Еден од најискусните македонски новинари Васко Ефтов во сојата најнова емисија вели дека луѓето на Бранко Црвенковски, а веројатно и самиот тој работат за...

Од СДСМ се огласија за протестот: Едвај 200 луѓе го поддржаа Мицкоски

Целосно издиша хистеријата заснована на лаги и невистини што ја ширеше антиевропското ДПМНЕ. Едвај 200 членови го поддржаа губитникот Мицкоски. Граѓаните покажаа дека сакаат...

Николовски: Граѓаните ќе добијат целосно обновена патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија,

Модернизацијата на паневропскиот Коридор е од исклучително значење за регионалното поврзување и соработка, како и за развој на домашната економија. Патниот правец Крива Паланка...

Пајка: Најлогично решение за претседател на ВМРО-ДПМНЕ е Бранко Црвенковски

По замрзнувањето на членството на Бранко Црвенкоски во СДСМ и големите турбуленции во ДПМНЕ најлогично решение за претседател на ДПМНЕ ВАЉЕВО е токму...
- Advertisement -