fbpx
7.9 C
Skopje

Јас барам/Ние бараме: Земјата да се врати на правиот пат!

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Иницијатива потпишана од 111 граѓани, денеска одржа прес конференција на која што изразија барања кои, според нив, ќе осигураат одговорност и ќе бидат во насока на враќање на земјата на правиот пат.

„Ние, како одговорни, свесни и активни граѓани, длабоко сме загрижени за ситуацијата во која што се наоѓа Македонија. Сакаме да дадеме поддршка на изборот на Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери. Собранието треба веднаш непречено да почне да работи и да ја врши својата функција на законодавен дом.
Сметаме дека е наша должност да истакнеме јасни ставови и очекувања и да ги поттикнеме нашите сограѓани да се придружат во овие барања. Ова се нашите граѓански барања кои ќе осигураат одговорност и ќе значат заземање на нашиот граѓански глас со намера да се врати нашата земја на правиот пат.

Ние граѓаните бараме:

1. Формирање на нова Влада во најкус можен рок, департизација ивраќање на функционалноста на институциите во државата како сервис на граѓаните.
Никој не смее да го спречи формирањето на нова Влада на Република Македонија. Очекуваме новата влада да биде реформска, да ги департизира институциите, да ги одрази очекувањата за темелни промени и да ја поврати фунционалноста на институциите како сервис на граѓаните.

2. Итно расчистување на крвавиот обид за велепредавство и насилно уривање на уставниот поредок кој се случи во Собранието од 27.04.2017 и одговорност за сите инволвирани согласно нивните дела и акции. Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство бараме да си ја завршат работата професионално и одговорно.

Инсистираме на брза и ефикасна истрага од надлежните институции која ќе донесе одговорност за насилниците кои се кријат зад наводни граѓански иницијативи и крвавиот напад врз пратеници, новинари и вработени во Собранието на РМ. Бараме јавниот обвинител Марко Зврелевски да биде разрешен. Бараме кривична и политичка одговорност за наредбодавачите, инспираторите и организаторите, вклучувајќи ги и оние кои седат во институциите и политичките партии, за 28те извршени кривични дела кои ги нотира Хелсиншкиот комитет, вклучувајќи: обид за убиство, велепредавство, насилство спрема претставници на највисоките државни органи, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, повикување на насилна промена на уставниот поредок, злоупотреба на службена должности и злосторничко здружување.

3. Мандатот на Специјалното јавно обвинителство да биде продолжен и по 30 јуни 2017 и да не се попречува неговата работа од страна на други институции.

Даваме целосна поддршка за продолжување на мандатот на СЈО за непречено откривање на вистината и понесување одговорност на најодговорните. Посочуваме дека сме против секоја идеја за амнестија на политичарите или нивните соработници за злоделата што се сторени во Македонија, а се во надлежност на Специјалното јавно обвинителство.

4. Секое насилство да биде осудено и соодветно санкционирано. Институциите и партиските лидери да изразат цврсти уверувања дека во Македонија говорот на омраза и криминалот од омраза нема да се толерираат и сите еднакво ќе одговараат пред законот.

Институциите треба да постапуваат неодложно и да го санкционираат говорот на омраза и криминалот од омраза. Политичарите да се застапуваат за вредностите на соживот и интеграција и да не се дозволува ширење тензии и поделби меѓу граѓаните.

5. Политичкиот прогон од страна на институциите на заробената држава врз граѓанските организации да запре, граѓаните и нивните здружувања да не бидат попречувани во користењето на своите права и слободи.

Институциите да им овозможат на граѓаните да ги практикуваат своите права, а нивните апели за владеење на правото и слободна демократска Македонија да бидат чуени. Оркестрираните напади и контроли врз десетици организации да запрат и да им се овозможи да се вратат на својата работа.

6. Да се овозможи на медиумите да ги информираат граѓаните објективно без да се соочуваат со притисоци и насилство.

Новинарите и медиумските работници мора да бидат заштитени во вршењето на својата должност од насилства и почитички притисоци. Јавниот радиодифузен сервис да почне да ги известува објективно граѓаните на државата а институциите да обезбедат слободен простор за објективно и одговорно новинарско работење.

Со почит,

1. Адриана Селмани
2. Адријана Лавчиска
3. Александар Богоевски
4. Александар Гочев
5. Александар Донев
6. Александар Лазаревски
7. Александар Лазаров
8. Александар Младеновски
9. Александра Филипова
10. Ангела Илиевска
11. Анжелика Апсис Апчевска
12. Анита Ивковиќ
13. Ацо Манински
14. Ацо Стојанов
15. Бети Пеева
16. Билјана Младеновска
17. Биљана Тануровска Ќулавковски
18. Бојан Маричиќ
19. Бојан Младеновски
20. Братољуб Шурланковиќ
21. Ваљон Ќерими
22. Ванчо Христов
23. Васил Христов
24. Васко Лазаревски
25. Велимир Арсов.
26. Вилдан Дрпљанин
27. Виолета Лазаревска
28. Владо Димовски
29. Влатко Секулоски
30. Горазд Смилевски
31. Даниел Јанев
32. Даниела Милошевска
33. Дејан Ристов
34. Демијан Хаџи-Ангелковски
35. Домника Кардула
36. Дона Костуранова
37. Донка Батакоја
38. Драган Додевски
39. Драшко Костовски
40. Ѓорги Тасев
41. Ѓунер Исмаил
42. Елена Николовска
43. Елизабета Божиноска
44. Елизабета Јовановска
45. Жарко Васиљевиќ
46. Зизо Љамковски
47. Зоран Зузаровски
48. Зоран Кардула
49. Ивана Васева
50. Ивана Јордановска
51. Ивана Петровиќ Донева
52. Игор Милошевски
53. Игор Новески
54. Игор Поповски
55. Илија Јанев
56. Ирена Цветковиќ
57. Јане Лазевски
58. Јовица Петрушевски
59. Јовица Стојановиќ
60. Катарина Митеба
61. Катарина Најденова
62. Катерина Аџи-Скерлева
63. Катерина Неделковска
64. Коце Божиков
65. Кочо Андоновски
66. Кристина Леловац
67. Кристина Хаџи-Василева
68. Ленче Данаиловска
69. Ленче Јанакиева
70. Ленче Христова
71. Љуми Бекири
72. Маригула Димова
73. Маријана Мукаетова
74. Марјан Забрчанец
75. Марко Михаилоски
76. Милан Живковиќ
77. Миле Крстев
78. Мирко Гавриловски
79. Митко Каракашев
80. Митко Шопов
81. Наташа Бабулова Ангелеска
82. Невена Георгиевска
83. Нела Витошевиќ
84. Нетка Каракашева
85. Нетка Ковачева
86. Никола Наумоски
87. Никола Писарев
88. Огнен Јанески
89. Павлинка Божикова
90. Ристо Бабулов
91. Сандра Анастасовска
92. Сања Богатиновска
93. Светлана Сиљјаноска
94. Сергеј Милошевски
95. Сибел Амет
96. Славица Анастасовска
97. Славко Миладиновски
98. Слободан Михајловски
99. Слободанка Милошевска
100. Соња Бабулова
101. Соња Ѓоргиева
102. Соња Јанеска
103. Стојче Димов
104. Танка Христова
105. Тодорче Тасевски
106. Томе Христов
107. Уранија Пировска
108. Филип Јовановски
109. Филип Кондовски
110. Филип Стојановски
111. Христијан Ѓоргиевски“

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Kовид резултати: Бројката на починaти денес е двоцифренa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2013 тестирања, а регистрирани се 347 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-179, Куманово-24,...

Доктор објави фотографија како изгледа “корона јазик” (фото

Прочитај повеќр во продолжение Епидемиологот Тим ​​Спектор од Универзитетскиот колеџ во Лондон е лидер на научна студија која се занимава со симптоми на коронавирус, а...

Што се Бајден отстрани од Овалната соба? Исчезна и црвеното копче од масата на Трамп кое служело за да може да си нарача кока...

Новиот претседател на САД не губел време на отстранување на сето она кое може да го потсетува на неговиот претходник Доналд Трамп. Освен што...

Што значат зборовите на вториот човек на ВМРО-ДПМНЕ? Тројца пратеници не делат од мнозинство за соборување на владата

Тројца пратеници не делат од мнозинство за соборување на владата, не мислам дека тоа е невозможно да се случи, да почекаме, изјави вечерва генералниот...

Го прашаа Шилегов дали има нарушени односи со премиерот Заев: Неговиот одговор е едноставен

Водителот на емисијата „360 степени“ го праша скопскиот градоначалник Петре Шилегов во какви односи е со премиерот Зоран Заев и дали е вистина дека...
- Advertisement -