fbpx
6 C
Skopje

Јавно писмо до Општина Карпош, Министерство за образование и Министерство за труд и социјала од образовни и лични асистенти на Општина Карпош

АКТУЕЛНО

Врз основа на член 19 во Законот за Основно Образование кој е донесен на седницата, одржана на 30 јули 2019 година, образовните и личните асистенти, се вработуваат на определено работно време, од страна на училиштата со ресурсен центар. Средствата за образовни и лични асистенти се обезбедуваат од Буџетот на Министерство… Се тоа пропаѓа во вода, напишано само на лист хартија, без никаква примена. Ние сме образовни и персонални асистенти кои сме финансирани од страна на УНДП. Секојдневно се справуваме со нови предизвици, работејќи со деца кои на свој начин со своите барања и способности ( можности ) се посебни.

Секој нов ден е нова приказна за нас, за нивните родители и воедно за самите деца.Ние како асистенти се трудиме со сите наши знаења и сили, да им овозможиме на децата подобро образование, подобра социјализација со соучениците и секојдневно функционирање во и надвор од училиштето… Денес е 26ти ноември плата нема за никој од нас. Не гледаат како најниска класа во оваа општество, а имаме тешка работа која нема пауза, зошто детето никој нема да ти го причува. Платата која ја земаме изнесува 7200 денари. Минатата година изнесуваше 8000 денари. Платата за жал ни е намалена а обврските растат. Со парите не е ниту автобуска карта покриена. Од УНДП кажаа дека парите се префрлени неколку месеци унапред, а Богоев ни даде одговор дека проблемот лежи во сметката која е промената од страна на проектот.

Замислете, плата за септември стигна сега пред две недели, а каде е октомври!?. Не лажат со тоа денес, утре, денес, утре… До кога ќе се губи време!? Зарем не се плашите од помислата, дека можеме да се откажеме!? Ама свесни сте дека ги сакаме тие деца и работиме за нив и се соочуваме со нивните болки и страдања во овој гневен образовен систем! Емпатијата кон родителите на тие дечиња ви е рамна на нула. Сакаме плата како секој граѓанин на Р.С.М. На времена плата, барем тоа остварите го, зошто тоа од вас се бара.

Од лични и образовни асистенти на општина Карпош

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -