fbpx
22.8 C
Skopje

Јелена Карлеуша им организираше роденден на ќерките – присутните помислија дека ќе биде свадба

АКТУЕЛНО

Пејачката Јелена Карлеуша организираше забава по повод деветиот и десетиот роденден на нејзините ќерки Атина и Ника. Многу познати личности пристигнаа за да прослават, а Јеца не штедеше за да им направи спектакуларна вечер на ќерките.

На прашањето колку време и требаше да ја подготви оваа мала бајка, Јелена одговори:

„Мала? Ова изгледа како нечија свадба. Јас се потрудив да изгледа како голема бајка. Малку време, малку идеи и многу пари. Имаше луѓе кои имаа многу повеќе идеи. Платиш и ќе добиеш бајка, изјави Јелена за српскиот портал Курир.

Исто така Јелена откри каква роденденска желба имаа нејзините девојчиња.

„Посакаа Инстаграм. Тие имаат некои неверојатни желби кои се поврзани со кучиња кои ги наоѓаат на улица и ги донесуваат дома, но Инстаграм….ја сум навистина изморена, жена во години. Кога ќе помислим дека следуба пубертет, момчиња, лудница…јас немам сила за тоа, се пошегува Јеца.

Извор: Вистина

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -