fbpx
29.8 C
Skopje

Јоханес Хан: Само широка влада ќе ја врати Македонија на европскиот пат

АКТУЕЛНО

Австрискиот политичар Јоханес Хан, кој воедно е и европски комесар задолжен за европската соседна политика и за преговорите за проширување на ЕУ, во своето обраќање до Парламентарното собрание на Советот на Европа се осврна на ситуацијата во Македонија и формирањето на новата влада.

„Пред две години постигнавме договор со земјата кој има за цел да го поддржи процесот на реформи за да се приближи до ЕУ. Во рамките на тој процес, требаше да одржат предвремени избори, тоа е направено во декември. Сега земјата треба да се стекне со влада и се надевам дека земјата ќе влезе во транзициска фаза која ќе и дозволи да создаде влада која ќе може да се потпри врз едно уставно мнозинство“ рече Хан.

Хан го нагласи спорот за името како еден од најголемите предизвици за нашата земја.

„За тоа ќе биде потребно уставно мнозинство. Се надевам дека во идните недели ќе успееме да забележиме напредок. Се надевам дека наскоро ќе биде формирана новата влада, подржана од мнозинството со цел да продолжи да отврора европски перспективи за земјата, за да можеме набрзо да ги започнеме преговорите за членство и поглавјата за преговори едно по друго. Но, потребно е за тоа да се исполнат некои услови. Тоа ќе биде можно само ако има широко парламентарно мнозинство кое ќе ја поддржи владата на оваа земја. Само тогаш можат да бидат донесени потребните мерки“ заклучи Хан во одговорот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -