fbpx
-1 C
Skopje

Јорданоски: Младите мора да се борат да направат промена и да бидат инспирација за подобро утре

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

ПОГЛЕД: Според досегашните информации, Вие ќе бидете носител во изборната единица 5 од Граѓанско Демократската Унија. Зошто еден млад човек како Вас се реши да се активира во еден прилично нов политички субјект на македонската политичка сцена?

Ова е прашањето што најчесто го добивам од својата фамилија и своите пријатели. Зошто се активираш кога знаеш дека тој свет е мрачен и полн со интриги? Зошто кога имаш комфорен живот и остварено семејство на кое може да му се посветиш и безгрижно да уживаш? Мојот потитички ангазман доаѓа од огорченоста и неправдата во општеството во кое живееме. Тое е исполнето со партиски војници, агенди и присвојување на државата за тие две структури. Впрочем ние како да не сме дел од државата, како да е тоа нивна приватна имовина. Тоа, пред се, е главната причина, но и останатите. Затоа што доктор стануваш преку партија, полицаец стануваш со партиска активност и државен административец стануваш со партиска книшка. Тоа е Македонија која не смее да продолжи да биде, чинам огромна жртва дадовме сите. Само за момент завртете се околу себе и погледнете каде Ви се браќата, сестрите, родителите, братучедите. Чинам 50% веќе работат некаде во Европа. Впрочем ќе тргнам од себе. Имам еден брат и тој е во Германија. Останатиот дел од фамилијата е распрскан по светот, нормално трагајќи по нормален и достоинствен живот. Не секојдневие во кое за еден извод од матично ви треба покритие од партија или некој познаник. Во спротивно ќе Ви недостасуваат документи и ќе чекате 3 недели. Тука мора да го споменам и клиентелизмот кој е длабоко навлезен во сите институции и кој дополнително ги урива сите надежи за нормална држава каде интелектуалците ќе бидат интелектуалци, историчарите историчари, докторите доктори, а не партиски војници со партиска агенда. Судството не функционира, правда е мисловна именка, инфраструктра не постои, здравството е заглавено 100 години наназад, образованието е уништено. Што повеќе да се каже? Впрочем сите тоа добро го знаеме, но не сакаме да ја напуштиме комфорната зона и да дадеме жртва за колективен успех. Јас одлучив да не го чекам Годо по дрво и сам да придонесам за подобра иднина на ова општество и понормална Македонија. Мора да дадеме личен пример и сите заедно да придонесеме и да докажеме дека вака не оди и дека Македонија и народот кој живее во неа не го залужуваат ова. Јас одлучив да не бидам набљудувач или да посегнам по најлесното и да заминам од својата држава. Тоа мора да запре! Младите мора да се борат да направат промена и да бидат инспирација за подобро утре. Мораме, ако не заради нас, тогаш заради нашите деца и идните генерации. Македонија е наша држава, а не само на ДПМНЕ и СДСМ! Тешко е и тој пат е трнлив, но бегајќи и давајќи квалификации дека не не бива, нема да промени ништо. Налесно е да се откажеш а најтешко да пробаш да промениш.

ПОГЛЕД: Што различно ќе понуди во својата програма ГДУ во Охрид доколку се распишат предвремени парламентарни избори за јули месец?

ГДУ, пред се, ќе се бори за подостоинствен живот на сите охриѓани а не на партиските војници. ГДУ ќе биде алатката за граѓаните да го кажат својот став и својата мака. Пред се, нашето залагање е за нормалните работи кои во моментов ги немаме и треба да ги имаме, како што се нормално здравство, нормална инфраструктура и нормално образование. Ова се трите столбови за нормално општество и развој. Тоа се трите сегменти кои во моментов ги немаме. Жалосно е што град од калибарот на Охрид, се уште, нема канализациони мрежи и пристапни улици. Ова се работи кои мора

ПОГЛЕД: Владата сака да отстрани 25 плажи – што мислите за тоа?

Ова е многу болна тема изминативе денови. Искрено сум изненаден од таквиот пристап на Владата за отсранување на сите 25 плажи, без притоа да даде простор на чесните и одговорните угостители да ја поминат сезоната. Потоа да се донесе нов закон и да се изнајде долготрајно решение за плажите во Охрид. Законот мора да се почитува и мора да важи за сите исто. Нашето мнение по оваа тема е децидно дека мора да се понуди долготрајно решение и дека сега не е моментот, бидејќи сме влезени во сезоната и дел од угостителите веќе вложиле капитал подготвувајќи се за сезоната. Согласни сме дека треба да се постапува и дека треба да се урива, но не во јуни. Зошто тоа не се направи во зимата? Или во кој било период од претходниве 4 години? Зошто не се понуди опција тој што уредно плаќал да добие простор да ја истера сезоната и потоа да се превземат тие ригорозни мерки. Искрено жалам што на овој начин се пристапи, бидејќи сметам дека ова не е вистинскиот начин и вистинското време. Да не заборавиме – туристичката сезона во Охрид ќе биде хендикепирана и веќе сега угостителите бележат огромни загуби. Со овој чекор дополнително уште 500 луѓе ќе останат без работа и Охрид ќе ги изгуби најпосакуваните дестинации како Куба Либре, Потпеш, Канео, Кадмо и други кој станаа посакувани места за туристите, прават голем приход во државата и хранат многу семејства. Мора да се разгледа опцијата после сезоната да се спроведува уредбата на Владата и да им се даде можност тие што плаќале уредно години наназад, да ја доработат сезоната.

ПОГЛЕД: Како сте задоволни од менаџирањето на корона кризата?

Кога човек ќе помисли на короната, по автоматизам помислува на затвор, психичка тортура и потоа на пандемија. Жалам што оставиле таков впечаток, но целиот процес околу пандемијата погрешно е менаџиран и има премногу пропусти. Три месеци полициски час кој некаде важи, а некаде не важи. Три месеци послициски час каде се издаваат дозволи за работа и за движење во полициски час. Три месеци во кои гледаме партиски надмудрувања но не и борба против пандемијата. Барем еднаш кога се работи за народот сплотено да се работи за негово добро, но во Македонија тоа барем засега не е возможно. Кога сме кај економијата и нејзиното менаџирање, тоа не се прави соодветно во изминативе 20 години, уште помалку при корона кризата. Македонија е премногу задолжена и тоа се зголемува во континуитет, но како никој да не е засегнат.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ХАРВАРД ТЕСТ ОД 1869 ГОДИНА: АKО ГО ЗНАЕТЕ ТОЧНИОТ ОДГОВОР, ВИЕ СТЕ НАТПРОСЕЧНО ИНТЕЛИГЕНТНИ

Малку луѓе можат да одговорат правилно на ова прашање. Внимателно прочитајте ја задачата и обидете се да го дадете точниот одговор Универзитетот Харвард е познат...

Лажат штом проговорат: Три хоросkопски знаци кои премногу саkaат да ја извртуваат вистината

Никој не ја кажува вистината во секој момент од животот, на за личностите родени во овие знаци, лажењето е составен дел од денот. Тие...

НOВA ТАЖНА ВЕСТ во Македонија: На 58 годишна возраст починa познатиот битолчанец и еден од основачите на навивачката група “Чкембари”

Прочитај повеќе во продолжение - тажна вест На 58-годишна возраст почина Вања Георгиевски, еден од основачите на навивачката група „Чкембари“. Георгиевски беше постојан посетител на...

Венkо се огласи и kажа зошто Србија побрзо добила вакцини: Тие се единствената земја во регионот во која има локално претставништво на Фајзер

Не постои законска пречка за прием на вакцините против Ковид-19 во нашата земја. Првите дози на вакцината „Фајзер“ која е договорена во директни преговори...

Избувна пoжaр во зградата на најголемиот производител на ваkцини

Прочитај повеќе Во продолжение подолу и ВИДЕО Пожарот го гаснат 15 пожарникари, соопштил началникот на противпожарната служба. Три лица биле спасени од зградата, а причината за пожарот...
- Advertisement -