fbpx
4 C
Skopje

Јорданов до градоначалниците од истокот: Вашата валкана игра заврши, готово е!

АКТУЕЛНО

УБАВА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: OД ДЕНЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ПРАВАТА ОД ДЕТСКАТА, ЦИВИЛНАТА И СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА

УБАВА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: OД ДЕНЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ПРАВАТА ОД ДЕТСКАТА, ЦИВИЛНАТА И СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА Министерството за труд и социјална политика информира...

НАЈНОВО: TOЛКУ ОД УБАВОТО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА – СЛЕДУВА ГОЛЕМА ПPOМЕНА ОД УТРЕ

Утре во текот на денот облачноста ќе се зголемува и ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Во сабота поради продор...

Рускиот астролог Василиса Володина открива: 3 хороскопски знаци кои ги чека парична добивка во март

Очигледно дека благосостојбата ги чека овие три знаци од Зодијакот оваа пролет. Проверете за што станува збор. Рускиот астролог Василиса Володина вели: 1. Можеби мислите дека...

Спасовски се огласи за ТиkТоk: Aпелирам за внимателно користење на социјалните мрежи

Апелирам за внимателно користење на социјалните мрежи. МВР од страна на Интерпол доби информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија...

По соопштението на градоначалниците од источниот дел на државата, каде зборува Ратко Димитровски, а има поддршка од сите градоначалници на општините во истокот, се обрати и координаторот на ИЕ 3 од СДСМ, Емил Јорданов.

Тој преку соопштение потенцира дека ова е крајот на градочалниците од истокот, а сето тоа го покажале граѓаните кои и дадоа поголема поддршка (30.000 гласови) на СДСМ во однос на претпоследните избори.

Во продолжение ви ја пренесуваме целосно реакцијата на Јорданов:

1. Зоран Заев и СДСМ не дозволи промена на уставот, не дозволи децата да учат албански, не дозволи ништо што е во спротивност со интересите на ИСТОКОТ. Ратко Димитровски и неговите колеги за време на изборите лажеа, бесрамно го лажеа својот народ. Ги плашеа граѓаните со измислици кои не се случија. Секој разумен нека се сети што лажеа од ДПМНЕ и нека спореди со договореното, сам ќе ја заклучи вистината.

2. Ратко Димитровски и неговите партиски колеги се исплашени од новата Влада. Ќе ја изгубат заштитата од окупираните институции кои ги штитеа и прикриваа нивните криминали. Се плашат од новата Влада, од функционирањето на институциите и откривањето на нивните тендери, ДУП –ови, провизии, уцени . Знаат дека доаѓа време на ЖИВОТ, доаѓа време на ослободување од нивните пранги, доаѓа слобода и правда!
Знаат дека заврши нивното време на крадење и доаѓа време да се одговара, по закон!

3. Лидерот на Ратко, Никола Груевски прифати исто решение за двојазичност, од точка до точка. Не прифати само една работа – продолжување на мандатот на СЈО. ИСТОКОТ знае зошто Ратко и неговиот лидер го опструира СЈО, затоа што ќе продолжат да излегуваат нивните криминали.

Нека одговорат истите квазипатриоти како ќе го бранеа решението што го потпиша нивниот шеф? Ќе го бранеа како најдобро. Ним не им е гајле ни за јазик ни за народ ни за држава. Ако им беше гајле немаше да се исели половина ИСТОК, немаше да владее таква неправда и зло.

Квазипатриоти и лицемери, доста се криевте позади измачениот народ и лажниот патриотизам. Заврши лицемерието. Истокот знае, Истокот ве прочита. Во декември го добивте првиот шамар, СДСМ доби двојно поголема подршка од 2014, доби плус 30 000 гласови.
Следи вториот шамар, на локалните избори СДСМ ќе добие многу поголема подршка. Ние одиме нагоре, а вие надолу.
Вашата валкана игра заврши. Готово е.
Колку и да се обидувате да се криете позади патриотизам, сите знаат дека сте криминалци кои што ќе одговараат.

Вие сте срамот и предавниците на ИСТОКОТ, и затоа ќе бидете казнети !

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ЈА СТРЕСЕ И МАКЕДОНИЈА: Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер ја погоди нашата соседна земја Грција

Прочитај повеќе во продолжение на текстот Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер во 18:38 часот е регистриран на 31 километaр од Лариса, а...

Патник добил чудна порака од вработена на аеродром: Ја пријавил по што добила отказ

Работничка во обезбедувањето на њујоршкиот аеродром добила отказ бидејќи на еден патник му дала со рака напишана порака “Грд си”. Инцидентот се случил во јуни,...

УБАВА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: OД ДЕНЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ПРАВАТА ОД ДЕТСКАТА, ЦИВИЛНАТА И СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА

УБАВА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: OД ДЕНЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ПРАВАТА ОД ДЕТСКАТА, ЦИВИЛНАТА И СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА Министерството за труд и социјална политика информира...

Која е „крвната група“ на која припаѓа Македонија?

Од 1998 година па се до ден денешен сите Влади без исклучок во својата програма ветуваат европска иднина на државата. Почнувајќи од владата на...

Сакате шарена градина? Во март се сади ова цвеќe

Да имате прекрасна градина на лето, ви препорачуваме да ги послушате овие совети за садење цвеќиња. Бројни билки се садат во март, а тоа се...
- Advertisement -