Јавно го повикувам Министерство за внатрешни работи и министерот Oliver Spasovski да почнат да си ја вршат работата и да укинат 30 лажни веб страници на Фејсбук кои шират меѓуетничка омраза со месеци, ксенофобија, албанофобија и што не, а Спасовски за нив знае.
Не само што и тој и цело СДСМ знаат за овие фб страници, туку и спијат!
Еден од тие лажни профили, го има украдено мојот идентитет и во мое име шири лаги, клевети луѓе, поттикнува омраза. Пријава до МВР oднесов уште во септември 2020.
Што правите, бе, луѓе? Чекате јас да ви ги вршам вашите работи? Веќе се собравме јас и десет Албанци, кои, овие ги вреѓаат. Сакате да одиме да ви ги донесеме за уши од Прилеп, Битола, Скопје…?
Што викаш Оливер, да ти ги донесеме ние во кабинет, а ти да пиеш виски и да го замолкнуваш заменикот Буши?
Ако не па, на Буши да му се јавам, верувам поагилен е од тебе.
Досега требаше да викнете минимум 30 луѓе од она движење ,,Бојкотирам”, чии постови ги шеруваат и делат исти ставови. И да ги прашате овие ликови што знаат околу овие 30 лажни профили (кои меѓусебно се шеруваат) и да поднесете пет кривични пријави минимум и да скапат во затвор!
Ова е доброорганизирана и платена мрежа која работи 24/7 и каде веројатно ,,членуваат” минимум стотина луѓе. Никој не би седел на столче толку посветено, без да земе воздух со месеци и години, ако некоја странска мрежа не кешира добро и во чиј интерес се меѓуетнички конфликти во земјава.




Секој ден ќе го прозивам Спасовски, додека неговиот оддел за сајбер криминал не ги пронајде овие луѓе, нивните шефови, организаторите и не им поднесе кривични пријави.




А, ќе му се јавам и на Буши, па да видиме кој е вистинскиот министер на полиција, а кој се слика пред камери.