10 C
Skopje

Јоци: Горде го расплака мајчиното млеко на еден куп луѓе, неа ја чекаат уште рочишта

АКТУЕЛНО

Николовски: Инспекторите добиваат нови и поголеми овластувања за постапување со прекршителите на здравствените протоколи

Со измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, сите инспекторати сега добиваат нови и поголеми овластувања за постапување со прекршителите на...

Николовски: 2021 ќе биде година во која ќе ги намалуваме и спојуваме институциите

Се работи на сите анализи за спојување и намалување на бројот на институции и 2021 ќе биде година во која ќе ги намалуваме или...

За кого нема да важи задолжителното носење маска на отворено?

Заврши седницата во Собранието каде што беа донесени измените на законот за заштита на населението од заразни болести. Измените на законот беа донесени со 53...

Собранието одлучи: Задолжително е носење на маска на отворено, забрането групирање по 22ч

Со 53 гласови „за“ и 26 воздржани, пратениците вечерва ги изгласаа измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести. Законот,...

Гордана Јанкуловска, која во очите на денешно ВМРО-ДПМНЕ уште е невина како солза, ја чекаат уште рочишта и пресуди – за ,,Таргет-Тврдина” и за ,,Титаник” [за незаконско прислушување и за уништување на опремата, како и за криминализација при гласање и незаконско местење избори].
Тоа дали таа била мајка на едно, пет или 18 деца, правниот систем на ниедна држава во светот – не го интересира.
Но, сепак од хуман аспект, нашиот систем, и` ја одложи казната додека бебето не порасне за да не биде зависно од мајчиното млеко.
Истото мајчино млеко кое таа им го расплака на куп луѓе.

А, нејзиното извинување, без емоции, емпатија и каење кон жртвите, одеше некако вака на 14.11.2018:
,,Жалам ако некој бил обесправен, без разлика дали јас сум учествувала или не сум учествувала”.

И се` додека вмровци врескаат дека ова е прогон, а не правда за 11-годишно девастирање на правната држава, кршење на закони, владеење со страв и садизам, нема да се вратат на власт во ниедна верзија.
Тоа не го велам јас, тоа е јасно како бел ден на нашите сојузници кои и имено го формираа СЈО, а сега предметите се во ОЈО и чекаат завршница.

Претходно Јоци напиша:

ПАДНА ЈАНКУЛОВСКА, ГРУЈОВАТА КРАЛИЦА НА ШАХОВСКАТА ТАБЛА

⚀РЕТРО ЗАПИС: 6 МАЈ, 2015⚀
ПАЃААТ! (или, ова нема да го видите и чуете на вестите на Сител)

Груевски и Јанкуловска вечерва ги извадија сите свои лојални припадници на единицата за брзи интервенции. За кои знаат дека ќе тепаат, ќе ги чуваат од народот, ќе им ги обезбедат последните денови од нивното владеење. Но, сепак им се последни.

Цел свој арсенал и човечки потенцијал-ЕБРИ беа на Илинденска, Ленинова, на Партизанска, пред Влада…кај Буњаковец, меѓу згради, во мали тесни улички. Секаде наоколу мене.

И навистина беа лојални-не смееше никој да им се приближи. Урлаа : „назад…тргај се…бегај !“ на секој кој ќе им се доближеше на 10 метри. Мене ме натераа да вртам цел кварт, за да не гледам што ќе се случува на Партизанска, во моментот кога ЕБРИ се распоредија за да ги потиснат демонстрантите кон Универзална сала, поточно да ги разбијат гневните луѓе.
„ако некого истепате, тоа не смее да го видиме ?“, им реков, а едниот ме погледна остро и фатив патот кон Ленинова да вртам цел круг. Во тој момент кај Влада една Итна помош однесе некого во болница.

На Партизанска гореа контејнери, а ЕБРИ спремно извршуваа наредби. Донесоа и кучиња ! Навистина не знам зошто, но едното од нив го касна еден полицаец и овој се извади од памет. Што да каже човек на ова !?

„Паѓаат ! “, и реков на една Италијанка на „Партизанска“ која вечерва ме праша за што поточно се овие протести. Не се чудеше, само беше љубопитна.

Ја прашав дали е на викенд, а она ми одговори дека тука живее и дека всушност е запознаена со се’. „Океј“, се насмевна, веројатно навикната, таму во Италија царува мафија од памтивек, не и’ се чудни вакви нешта.

Водените топови ги гасеа коцевите контејнери кои гореа. Му настрадаа на човекот. Нема фрка-утре нов тендер! И Противпожарната бригада интервенираше. А оние кои се бунеа -добиваа лисици. Веднаш.

Еден дечко го фатија двајца полицајци и го наведнаа надоле, а тој се фати за нос. Не знам дали му го скршија. Не даваат да им се приближи човек кога апсат.
Додека сликав ќе ме згазеше едно полициско комбе кое брзаше кон мене, а јас наведната во темница сликав. Сања на Никса викна „Јоци пази“ и еве-пак ме читате.

Се’ е сега мирно во „енклавата“ на Груевски, привидниот мир вечерва му е обезбеден со многу пари и купени ситни задоволства и привилегии кон „неговите“ полицајци.

Останаа камења, скршени шишиња, остатоци од запалени контејнери.
Мои колеги ми велеа „не е убаво ова, ваков вандализам“. Не !, им реков. Само вака, само напред ! Во Грција протестираа на ист начин луѓе, ама 365 дена во годината. Така се доаѓа до промени.

Малку крв, малку пендрек. Нема револуција без крв.

Утре пак !

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Над 800 новозаразени во последните 24 часа: Направени се 2699 тестови

Во последните 24 часа се направени 2699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 390, Куманово 22, Штип 28,...

Николовски: Инспекторите добиваат нови и поголеми овластувања за постапување со прекршителите на здравствените протоколи

Со измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, сите инспекторати сега добиваат нови и поголеми овластувања за постапување со прекршителите на...

Штипската болница го адаптира Кожното одделение за прием на пациенти со коронавирус

Кожното одделение во штипската Клиничка болница од понеделник ќе прима пациенти заразени со коронавирус на кои им е потребно болничко лекување. Директорот на Клиничка болница-Штип,...

Никола Димитров се сретна со германскиот министер за Европа Михаел Рот

На панелот за проблемот со иселувањето на младите од регионот зборував со исклучителни млади луѓе, потпретседателката на ЕК за демократија и демографија Дубравка Шуица...

Бесими: Стотици илјади граѓани и илјадници фирми го очекуваат ребалансот на буџетот и четвртиот пакет на мерки

Финансиска поддршка за децата без родители, мапирање стратешки индустриски сектори во регионот на Охрид, изградба на дел од третиот крак за водснабдителен систем во...
- Advertisement -