fbpx
15 C
Skopje

Јоци: Венко не може да ве научи да менувате редовно гаќи и да се бањате, тој не ви е мајка за да ве учи на ред

АКТУЕЛНО

Како што еднаш веќе напишав, Венко, не може да ве научи да не се журкате групно за време на пандемија, да не одите по литии, да не протестирате во толпа, да менувате редовно гаќи, да се бањате или да сте убедени без притоа да сте сигурни – дека оној со кој легнувате е безбеден.

Сето ова е индивидуална одговорност.

Венко може да ве едуцира да носите маска кога сте во толпа, меѓу луѓе. Ако не сакате, ваше си е.

Тој не ви е мајка да ве учи на ред.

Пандемијата е домино ефект. Колку повеќе заболени, толку повеќе рестрикции, а тоа води кон економска криза.

Во моментов има многу подземни мафијашки сили, туѓи служби, домашни ѓубриња кои се претставуваат како новинари, а не се и работат на длабока криза во Македонија, а сево ова им оди во прилог.

Да не помисливте таа криза ќе ве одмине? Никого нема да одмине. Ова не е проблем на микрокосмос, не завршува кај вашето поштенско сандаче, пандемијата уништува животи на глобално ниво.

Ние, како земја, сме зрно грашок, малку ни треба да се дестабилизираме. Вашите деца ќе бидат потоа жртви на мафијашки стратегии, кои ја искористиле пандемијата, оние кои сакаат да не одат во затвор.

Не може да се лутите ни на истоштениот медицински персонал, ниту на Венкота.
Јас уште пред три месеци напишав – ќе нема кој да ве лечи, ако продолжите со невротично однесување кое следува како логична психолошка реакција по карантинот.

Читате ѓубре, некредибилни информации, читате идиоти, платен пропаганден шљам кој ве убедува дека сè е лага. Не верувате во корони. Главата ви е полна со ѓубре поради тоа, а потоа менталното здравје страда. А, потоа и целото општество.

Луѓето во јавно здравство се физички и психички преморени. Ќе даваат откази, ќе одат на помирни места. Секој сака комфор, а не стрес. Зошто би го губеле здравјето за нација која не верува во КОВИД19 ?

Луѓе, оправете се во главите. Никој не живее 200 години. Освен ако не сакате да ве погребаат во лимен сандак, без музика и луѓе кои би кажале понекој убав збор за вас

Фејсбук статус на Јорданка Ивановска Јоци

Во продолжение за Апасиев:

Сите кои кликаат лајкови од заедничка фб листа, кај #Факфејс Апасиев, левици и тие нивни кјурци, кај мене одат на блок. Не се многу, десет луѓе, но редно е да се стави црвена линија.

Јас не сакам ни да се допрам до такви, да се возам во лифт, камоли да имам нешто заедничко. Да не се чудите ако одите на блок.
Не ви забранувам ништо, но мој избор е кој ќе ме чита.

Јас не одам во иста реченица со црните кошули и човекот кој е дефиниран како исламофоб во европски извештај на СЕТА и тоа го ставам јавно до знаење.
Ниту сум гласала за црни кошули, ниту ќе гласам. Уште посериозно – ги сметам за монструиозни за мој вкус, блиски до фашистичка идеологија, тоа е мој став кој никој не може да ми го забрани.
Доволно сум едуцирана и начитана да знам да препознаам.

Воедно, веќе година дена сум цел на неосновани клевети, навреди и напади од членови со црните кошули.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -