fbpx
1 C
Skopje

Јовановски: СДС и нивните функционери прават кривично дело, фатени на дело како вршат предизборен поткуп

АКТУЕЛНО

Амбасадорката Брнс: Разочарани сме од ветото на Бугарија, Северна Македонија беше подготвена

Разочарани сме од ветото на Бугарија од повеќе причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го започне процесот на отворање...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Изборниот процес е под сериозен ризик. Изборниот процес не е демократски и не е во фер атмосфера. Власта директно го узурпира процесот. Зоран Заев и СДС продолжуваат со целосна злоупотреба на државата и на државните институции за партиски цели во изборен процес. Исплашени од се послабата поддршка од граѓаните и од слободниот пад на нивниот рејтинг СДС ги узурпира државните институции и врши масовен поткуп, обвини Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека медиумите објавиле фотографии од кои се гледа како во текот на вчерашниот ден кандидатот за градоначалник на СДС за Прилеп заедно со пратеничката на СДС од Прилеп и директорот на Центарот за социјални работи во Прилеп делат зејтин и прехранбени намирници во Ромското маало во Прилеп.

СДС се фатени на дело како вршат предизборен поткуп. Целиот случај е фотографски документиран. СДС и нивните функционери вршат кривично дело, изборен поткуп. СДС го прекршуваат чл. 162 ст.1 од Кривичниот законик, кој вели: „Тој што на лице со избирачко право му нуди, дава или ветува подарок или друга корист, со намера да го придобие да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор најмалку пет години“. Изборниот поткуп кој го врши СДС не смее да остане неказнет. ВМРО-ДПМНЕ го повикува надлежното јавно обвинителство да отвори случај и да отвори индивидуална кривична одговорност за  инволвираните  во поткупот, изјави Јовановски.

Тој вели дека СДС мора веднаш да престане со злоупотреба на државните ресурси за партиски цели. Тој порача дека меѓународната заедница, но и граѓаните на Република Македонија очекуваат фер, слободни и демократски избори.

-Апелираме, но и ги повикуваме сите надлежни институции, но и набљудувачи на изборниот процес, кои се должни да интервенираат, да го сторат истото. Република Македонија мора да има фер и демократски избори. Граѓаните ги гледаат манипулациите и лагите на СДС и на Зоран Заев и својот збор ќе го кажат на 15-ти октомври, изјави Јовановски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Германија воведе нови построги правила за влез

За земјите со особено голем број инфекции, меѓу кои е и нашата, или со опасни мутации – од недела важат построги правила за влез...

Несекојдневна сообракајka во Скопје: Велпсипедист преазил пешаk, па избегал

Во текот на вчерашниот ден во 14: 10 часот во Скопје на улица „50-та Дивизија“ велосипед управуван од засега непознато лице кое го напуштило...

Кои хороскопски знаци се најкомпатибилни?

Одредени карактеристики од хороскопските знаци ни кажуваат на кој начин ќе функционираат два знаци во една врска па затоа тие можат да бидат корисни...

Зeмјотрес во Aлбанија, почувствуван и во југозападниот дел на Македонија

Земјотрес со јачина од 3,1 степен, се случи попладнево во Албанија. Земјотресот се случил во 14:08 часот по локално време, а бил почувствуван и...

Сeстратa нa Тоше 14 години прави една иста работа на овој ден од овој детаљ на роденденската торта ќе ви надојдат солзи (Фoто)

Да беше жив денеска најголемата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески ќе наполнеше 40 години. Како и секоја година ова е еден од двата најтажни денови...
- Advertisement -