fbpx
18 C
Skopje

Југохорм ќе згасне засекогаш – последна порака до премиерот

АКТУЕЛНО

Од синдикатот на Југохром денес упатија писмо до премиерот Емил Димитриев и соопштија дека во текот на месец април истекува рокот за забрана на работа на Југохром, при што има закана од опасност за одземање на А интегрираната еколошка дозвола, што пак ќе значи и конечно затварање на Југохром.

„Со овој допис за последен пат ви се обраќаме со барање да ве известиме дека доколку не донесете позитивна одлука за повторно пуштање на работа на Југохром Алзар Јегуновце во текот на следната недела тоа ќе значи згаснување засекогаш“, известија денес од снидикатот на Југохром.

Затварањето на Југохром па воедно ќе значи и целосно опустошување на егзитенцијата на народот, сметаат од синдикатот.

„Доколку ова се случи вие и оваа Влада ќе бидете директно одговорни за затворањето на Југохром, и не излегувањето во пресрет на многуте заеднички барања за одложување на рокот за изградба на филтрите и со тоа повторно започнување со работа“, порачаа од синдикатот и известија дека бараат Димитриев писмено да им одговори.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -