fbpx
19 C
Skopje

Јункер: Трговска војна не би била добра ниту за Европа, ниту за САД

АКТУЕЛНО

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер предупреди денеска дека трговска војна меѓу САД и Европа не би била добра ниту за една страна.

Тој, исто така, истакна дека „протекционистичките коментари“ од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп треба да се сфатат сериозно.

„Трговска војна не би била во интерес ниту за Европа, ниту за САД“, нагласи Јункер во интервју за весникот „Билд ам Зонтаг“, одговарајќи на прашањето дали Европа би можела да поднесе трговска војна со САД.

Американскиот министер за финансии Стивен Менучин истакна дека администрацијата на Трамп нема желба да влегува во трговски војни, но порача дека треба да се преиспитаат некои трговски односи, со цел да бидат поправедни.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -