fbpx
17 C
Skopje

Каде погреши Европа

АКТУЕЛНО

Мијалков доби казна затвор од 12 години

Сите обвинети се виновни за дејствијата, истакна на денешното изрекување на пресудата во случајот „Таргет-Тврдина“ судијката Џенета Бегтовиќ. Судот ги донесе следните пресуди: Горан Грујевски ги...

Мицкоски се огласи за тоа дали со сопругата имаат бугарски пасоши

Фејсбук статус на Христијан Мицкоски И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси. Колку повеќе...

Спасовски до Јанушев: Нема никаков договор со Мијалков

Aпсолутно тезите што сега се покренуваат дека некој нешто договарал со некого за одреден случај, мислам дека се демантираат една по друга или се...

Захариева доби прашање дали е можно под притисок да го тргнат ветото: Еве што одговори

Министерката за надворешни работи на Бугарија Захариева во утринско интервју на БТВ, на новинарското прашање може ли под притисок од Европската Унија Софија да...

Понекогаш погледот на надворешниот човек може да го фати симптомите на пропаѓањето подобро отколку, оној чиј живот поминува во Европа.

Во “Распарчениот континент: кризата на Европа и судбината на Западот” долгогодишниот американски новинар Вилијам Дроздјак покажува како три несовршени проекти, започнале кон крајот на Студената војна – еврото, Шенген зоната за слободно патување и проширувањето на Исток на ЕУ и НАТО – се соочуваат со тешкотии кои создаваат поделба во јадрото на Европа.

Според Дроздјак сонот за европско единство почнува да повенува, а идната стабилност на континентот е замаглена и небезбедна.

Ова тврдење не се поклопува со неодамнешните изјави на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, дека Европа повторно “има ветар во едрата”.

Дополнителен отежнувачки кризата фактор е неангажираността на САД. Вашингтон ги остава Европејците без насока, бидејќи како сите да се навикнати силната рака на чичко Сем често да му помага на стариот континент да помине низ опасни води.

Дроздјак е долгогодишен поддржувач на трансатлантското партнерство и верува цврсто во визијата на Ричард Холбрук за САД како добронамерна сила, соработник на Европа . Тој предупредува дека поради недостатокот на силно американско лидерство Европа ризикува да биде апсорбирана од стариот демон: национализмот.

Новинарот го истакнува длабокиот методолошки проблем на ЕУ: навиката да се поставуват амбициозни цели. истите да се постигнуваат со недобмислени планови подготвени преку компромиси во последен момент и без да се предвидува што ќе се случи кога работите ќе тргнат со главата надолу.

Перцепција на единствена валута без фискална унија или кредитор од последна инстанца; отворање на внатрешните граници без заеднички активности за заштита на надворешните граници на Европа; вметнување на поранешни советски сателити во орбитата на Западот без да се очекува непријателска руска реакција – во секој од овие случаи лидерите на Европа се однесуваат како наивни и неподготвени оптимисти.

Дроздјак се воздржува од предвидувања дали ЕУ ќе се распадне, настан што би ја фрлил Европа во големи конфликти.

Тој, сепак, јасно вели дека клучот за спасот на Европа е во Берлин – “новиот епицентар на власта.”

Презиро на Доналд Трамп кон Европа и мултилатерализма, ја пренесоа целата тежина на проблемот врз рамениците на германската канцеларка Ангела Меркел. Секоја од  европските кризи води до нови очекувања од новиот хегемон на ЕУ.

Приказните зад кулисите кои Дроздяк ги споделува, ја нагласуваат „осамената“ одговорност на Меркел во шпицот на кризите, на пример, кога таа побрза да преговара со Владимир Путин во Минск поради руската дестабилизација на Украина. Таа имаше улога и во решавањето на проблемите околу должничката криза на Грција. Отиде и на разговори со британскиот премиер Дејвид Камерон за да најде начин како да се избегне излезот на Британија од ЕУ.

Дроздјак ги открива колебањата на Меркел дали да се кандидира за четврти мандат и колкав напор вложува поранешниот американски претседател Барак Обама во ноември минатата година да ја убеди дека таа е одговорна за Западот и дека треба да се кандидира повторно по шокантната победа на Трамп на изборите во САД.

Најголемата горчина на Меркел во борбата против европските кризи е недостатокот на силни партнери во Европа.

Таа никогаш не можела да смета на Камерон, заложник на евроскептиците во неговата партија, и често останувала разочарана од француските претседатели Никола Саркози и Франсоа Оланд, неспособни да ја реформираат економијата на Франција.

“Слабоста на Франција стана еден од најголемиот проблем на Европа и на Германија”, цитира Дроздјак зборовите на Меркел кон нејзини советници. Кога Саркози, кој неколкупати ја иритирал со својата претерана спонтаност, и рекол на Меркел:
“Ангела, создадени сме да се разбираме. Ние сме главата и нозете на Европската унија”, таа одговорила: “Не, Никола – ти си главата и нозете. Јас сум банката. ”

Дроздјак ги води читателите на турнеја низ европските престолнини и ја дијагностицира поделбата која го уништува единството на ЕУ, и покрај економскиот раст, изборот на енергичниот проевропски настроен Емануел Макрон за претседател на Франција и зголемувањето на јавната поддршка за европското единство по речиси една деценија на продлабочување на разочарувањата.

Некои од неговите најболни набљудувања се во Варшава, Москва и Анкара.

Тој забележува како либералната демократија е под закана не само во поранешните комунистички држави како Полска и Унгарија, кои се приклучија кон ЕУ по распадот на советската империја, туку и од авторитарни владетели во периферијата на ЕУ, како оние во Русија и Турција.

Растот и поддршката за антиемигрантската крајна десница во Германија и Австрија ја нагласува постојаната опасност од центрифугални сили и кинење на интегритетот на европската интеграција.

На моменти сликата насликана од Дроздяк, изгледа премногу мрачна, најмногу во однос на Франција, која во шестиот месец на реформисткото претседателство на Макрон, како да се наоѓа во мала стагнација.

Тој предупредува за потенцијалот на исламистички терористички напади да провоцираат анти-муслиманско насилство од екстремно десничарските групи кои се обучуваат и вооружуваат, особено со оглед на зголемените тензии меѓу исламот, секуларизмот и безбедноста.

Тој укажува дека Италија ќе биде следната потенцијална слаба точка во европската криза.

(според материјали на www.politico.com)

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Мијалков доби казна затвор од 12 години

Сите обвинети се виновни за дејствијата, истакна на денешното изрекување на пресудата во случајот „Таргет-Тврдина“ судијката Џенета Бегтовиќ. Судот ги донесе следните пресуди: Горан Грујевски ги...

Убави цифри: Koлky можете да заработите во Чвајцарија како фризер, столар, возач

Убави цифри: Колку можете да заработите во Швајцарија како фризер, столар, возач… Кантонот на Цирих неодамна објави водич за плата од кој може да се...

Мицкоски се огласи за тоа дали со сопругата имаат бугарски пасоши

Фејсбук статус на Христијан Мицкоски И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси. Колку повеќе...

Поучна приказна за Човекот, Бог и празниот куфер која ќе ви го смени животот

Си поминал некој човек. Во еден момент забележал како му се приближува Бог, кој со себе носел куфер. И Бог рекол: „Сине, време е...

Спасовски до Јанушев: Нема никаков договор со Мијалков

Aпсолутно тезите што сега се покренуваат дека некој нешто договарал со некого за одреден случај, мислам дека се демантираат една по друга или се...
- Advertisement -