Во последниве денови на социјалните мрежи излезе видео од плоштадот во Крива Паланка,за време на полицискиот час,како се отстранува Кутлешот или Вергината. Тоа јас лично не го оправдувам,исто како што и не е за оправдување тоа што амблемите се ставаат на земја за да ги гази народ,а тие нели,треба да се почитуваат. Но ајде да видиме каде се изгубивме по патот на ВМРО,оти најголем број од гневните граѓани по повод брусењето на Вергината се токму членови на ВМРО,кое пак допирна точка нема со Вергината или Кутлешот.
Звездата од Вергина или звездата од Кутлеш е симбол,кој претставува стилизирана звезда со шеснаесет краци.Откриена е при археолошки ископувања во околината на село Вергина,северна Грција,а најдена е од професор Манолис Андроникос во 1977 година во царска гробница од времето на Античка Македонија.
Значењето на звездата од Вергина е нејасно,а археолозите не се единствени во тоа дали таа звезда е симбол на древна Македонија,дали е религиозен симбол,или просто,само декоративен елемент.
После откривањето на златната кутија,многу од грците започнуваат да ја употребуваат звездата од Вергина како симбол на припадноста на античката македонска култура и современа Грција.Денес симболот е широко распространет во Грција.Таа е на сино поле и е употребена како државен симбол на три периферии,префектури и општини во регионот Егејска Македонија.Синото знаме со звездата од Вергина на тој начин се појавува во 80-те години на ХХ век. Античкиот симбол,кој е пронајден на територијата на Грција е ставен на грчките монети од 100 драхми во 1992 година и се појавува на полициските униформи на полицијата во Атина.Грчката телевизија Македонија го менува логото и буквата омикрон ја заменува со звездата од Вергина.Банка Македонија и Тракија на истиот начин го менуваат своето лого,како и некои грчки воени единици.
Во февруари 1993 година грчкиот парламент подготвува декларација,со која звездата од Вергина е официјален национален симбол.
Накратко ова се податоците за звездата од Вергина или Кутлешот,но она што е симптоматично е тоа што дека нема конкретни податоци за бојата на таа звезда,за нејзината намена (само претпоставки),а таа звезда најјасно се гледа на ликот на грчкиот бог Хелиос.
Јас не гледам во досегашниот текст ниту една допирна точка со ВМРО,па затоа би сакал да ги запрашам “верните и до гроП“ членови на Дпмне,кои се најгласни во “протестите за знамето“,кои се членови на партија која ги носи буквите ВМРО.Партија,која пак се смета за историски наследник на ВМРО-то на Гоце и Даме.Какви вмровци сте вие бре луѓе,кога го заборавивте амблемот на ВМРО,а плачете по измислено знаме,кое пак,секојдневно го газите на шахти,плукате и мочате по него ?!?!?!?
Да се вратиме на реалната наша приказна,четири свети,букви поради кои Европа во минатото се тресела од страв.
Станува збор за Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација,а во 1919 година и ВМРО (Одринско има своја организација,под водство на Тане Николов,херој од Ножот) Таа Организација нема допирна точка со Кутлешот или Вергината.Тоа е докажано во многу документи и книги кои ги имаат напишано дејците на таа организација. Значи тука не говорам за поврзаноста на античка Македонија од тогаш со денешната наша Македонија,туку зборувам за измисленото знаме со шеснаесет краци и буквите ВМРО.
По знамето,морам да кажам пак,оти е смешно од што е тажно,плачат членови на партија која ги носи буквите ВМРО.Организација која нема допирна точка со Вергината или Кутлешот.
Знамињата на четите на таа организација на себе носат најчесто крст или лав.Оти колку и да сакаме да не признаваме,лавот има многу поголема врска со Македонија,отколку измисленото знаме.Лавот го има во грбовниците во минатото,а една држава прави знаме или симбол според својот грбовник.Македонија го има еден од најмоќните грбови,лав со круна.Лавот означува храброст,чест и достоинство.
Затоа и дејците на Организацијата ги имале најчесто крстот и лавот на знамињата од своите чети.Крстот,оти верувале во Бога,а лавот,оти биле храбри,чесни и достоинствени.
ВМРО и звездата од Вергина никогаш нема да имаат допирна точка,по ниту една основа,тоа треба да биде јасно како ден,како 2+2.
Многу денешни заблудени “вмровци“ се плашат и срамат од амблемот на историското ВМРО,а плачат и кубат коси по измисленото знаме со шеснаесет краци,кое не знаеме чие е,и дали е всушност знаме.
И Дпмне,како партија која се повикува на историското ВМРО,која се смета за наследник на историското ВМРО,треба да проповеда ВМРО-изам,а не некакви антични приказни за Македонија со измислени знамиња. Така не се бранат ни Гоце,ни Сандански, а уште помалку пак се сака Македонија,па би сакал да ги запрашам веќе еднаш, КОЈ ВИ ГИ ИЗБРУСИ ОД ГЛАВИТЕ ОРИГИНАЛНИТЕ СИМБОЛИ НА ВМРО ?
Каде се изгубивме по патот на ВМРО..
Пишува: Кларк Кент