Бакнежот е еден од најромантичните и најубавите дејствија, кои ги извршуваме кога сме силно привлечени од некого.
Легендата за францускиот бакнеж прв пат се појавува во XX век во Англија. Во тоа време, англичаните гледале скептично на бакнежот со јазик и го доживувале како „потресен ритуал“, кој настанал само и единствено за телесни задоволства. Сите бакнежи кои ги даваме и примаме, кои ги споделуваме со нашите партнери се многу важни и претставуваат најсилна форма на љубовен допир помеѓу нас и нашиот партнер. Бакнежот истовремено претставува и најнежна форма на врската помеѓу мажот и жената односно помеѓу двајцата партнери.
Со жешкиот и страсен бакнеж започнува вистинскиот телесен допир на партнерите, во кој учевствуваат повеќе од 34 мускули на лицето. Бакнежот е и начин преку кој може да ги искажете вашите чувства и да ги дознаете чувствата на вашиот партнер без да поставите ниту едно прашање.
Многумина за време на бакнувањето знаат да ја уништат страста преку неправилниот начин на бакнување, затоа доколку сакате да го подобрите својот стил и техника на бакнување ова се неколку тајни и совети како до добар француски бакнеж.