fbpx
24.8 C
Skopje

Како дојде до излолацијата на Катар

АКТУЕЛНО

Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Египет ги прекинаа дипломатските односи со Катар поради наводна поддршка на тероризмот од страна на таа земја. Подоцна кон нив се приклучи и Јемен.

Министерството за надворешни работи на Бахреин објави соопштение во кое вели дека запирањето на односите со Катар морало да се случи „за да се зачува националната безбедност на земјата”.

Дипломатите на Катар имаат 48 часа да ја напуштат Бахреин. Сите пристанишни и воздухопловни врски меѓу двете земји ќе бидат затворени во рок од еден ден.

Новинската агенција на Саудиска Арабија цитира анонимен извор од владата, кој вели дека се прекинуваат сите врски и наезмни, морски и воздушни врски со Катар, со цел да се зачува националната безбедност од „опасноста од тероризмот и екстремизмот“.

Саудиските власти ќе побараат од сојузниците да започнат итни законски процедури за воведување на истиот режим што е можно поскоро.

Египет, од своја страна, го обвини Катар во преземање на “антиегипетски курс” и неподготвеност да се откаже од поддршката за тероризмот.

Што се случува во Заливот?

Дипломатскиот судир со Катар не е неочекуван – тензиите во Персискиот залив се зголемија постепено во текот на последните неколку години.

Пред 2 недели четирите држави кои ги прекинаа односите со Катар, го блокираа пристапот до неколку новински сајтови од земјата – вклучително и „Ал Џезира“, бидејќи медиумите ширеле провокативни коментари со критики кон Саудиска Арабија, кои првично му беа припишани на катарскиот Емир Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани.

Катар е дел од американската коалиција против „Исламска држава“, но во исто време е обвинуван од страна на шиитските лидери во Ирак дека всушност обезбедува финансиска помош за терористичката група.

Постојат сомневања дека владата и богатите граѓани на емиратот донираат пари и оружје на исламистичките групи во Сирија.

Катар е обвинет уште во одржување врски со една од единиците на Ал-Каеда “Фронт Ал Нусра”, како и во поддржувањето на илегалната организација „Муслиманско братство“.

Катар ги определи мерките преземени од соседните држави, како „неправедни“.

„Преземените мерки се базираат на тврдења и шпекулации кои немаат никаква фактичка основа“, се вели во соопштението на катарското Министерство за надворешни работи, цитирано од „Ал Џезира“.

Според властите во Доха – забраната на копнените, воздушните и поморските комуникации со Катар „нема да влијае врз нормалниот живот на граѓаните и жителите на земјата“.

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон ги повика арапските земји да ги решат своите проблеми по патот на дијалогот.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -