9 C
Skopje

Како е да се биде македонски студент во Русија за време на светска пандемија?

АКТУЕЛНО

И Груевски се прости од Амди Бајрам: Јас сум сведок дека тој беше човек кој помагаше на многу луѓе во тешки времиња

In memoriam Замина Амди Бајрам. Добар човек, снаодлив и многу емотивен, секогаш подготвен за добра шега. Незаборавен лик во македонската политика со кого имавме одлична...

ВМРО-НП: Георгиевски оствари средба со бугарскиот државен врв

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, со потпретседателот на...

Разговараме со студентот Николај Павловски, роден 05.08.2000 во Куманово, прва година на студии во Русија, на подготвителна година учи руски јазик на Национален истражувачки универзитет HSE.

Во македонската јавност има малку информации за моменталната ситуација со пандемијата во Русија и во Москва. Каква е реалната ситуација во Русија?

Како секаде во светот така и тука бројот на заразените со вирусот секојдневно расте. Најмногу погодена е Москва. Бројката на нови случаи е зголемена за 3.448 за еден ден во цела држава. Од 27.938 позитивни на Ковид- 19 во цела Русија, 16.164 заразени се само во главниот град. Од вкупниот број на позитивни лица повеќе од 2.300 луѓе се излечени, а 232 пациенти починале од истиот. Повеќето од пациентите се лица хронично болни и лица во постара возраст. Сепак вирусот брзо се шири и во одредени моменти ситуацијата станува драматична, како што рекоа и низа официјални лица. Правецот по кој се движи целата ситуација не е баш посакувана. Доколку продолжи истиот тренд во Москва ќе се појави недостаток на болнички места и тогаш државата ќе мора да разгледува некои објекти да ги претвори во привремени болници.

Кои мерки ги превзема руската држава во борбата против епидемијата?

– Државата уште на самиот почеток на епидемијата во Кина беше една од малкуте кои превземаа мерки. Тие ги затворија своите граници со Кина на време. Имаше контрола на аеродромите. Тука многу споро и малку се зголемуваше бројот на заболени до пред некое време. Имаше различни и низа мерки на претпазливост кои се препорачуваа од почетокот од СЗО. Затворени се училиштата и универзитетите. Во различни градови, делови, региони на РФ има различни мерки. Во зависност од тоа колку се погодени местата.Руските медицински лица прават се и даваат секаков напор за да се изборат со овој вирус и тие мислат дека ќе го победат. Исто така постојано се работи и на пронаоѓање на лек и вакцина против истиот од страна на научниците. Тие беа први кои го открија геномот на Ковид- 19 и го испратија до СЗО.

Како е да се биде студент во друга држава во време на светска пандемија? Кои мерки се превземени од страна на вашиот универзитет и во студентските домови? На кој начин продолжува школувањето?

– Јас како студент, тука се чувствувам прилично сигурно и безбедно и нормално верувам дека тоа така ќе биде и натаму. Сепак чувството е невообичаено. Навиките кои сме ги имале претходно сега полека учиме како да ги промениме. Треба многу трпеливост и послушност за да можеме првин себеси, а потоа и на сите други да им помогнеме. Затоа што само така ова може да се реши. Учиме да бидеме свесни луѓе иако сме многу млади и тоа е многу добро, затоа што јас мислам дека „тешките“ времиња создаваат „ силни“ луѓе. Законот треба и мора да се почитува. Треба да се знае дека сме самостојни и дека секоја одлука која ја носиме не е само за себе туку и за многу други. Секогаш треба да бидеме одговорни. Нашиот универзитет е затворен. Сепак школувањето т.е. процесот на образование продолжува онлајн. Се тече во најдобар ред.

Дали ти ги смени своите навики? Дали се сменети навиките на московчаните? Дали е забележлива паника помеѓу граѓаните на Москва?

– Јас не сакам да зборувам за самиот себе, тоа треба да го речат другите кои се со мене и кои ме познаваат. Сепак јас мислам дека моите навики се сменети на подобро како и на поголемиот дел од светската популација. Светот кој го познаваме не е повеќе ист. Никој не е ист. Исто така и московчаните. Се надевам дека ќе извлечеме поука од сето ова и конечно ќе станеме луѓе во вистинска смисла на зборот.

Дали е забележлива паника помеѓу граѓаните на Москва?

– Во вакви ситуации се гледа тоа дека луѓето се разликуваат едни од други. Можам да кажам дека луѓето кои што ги гледам кога одам во продавница на најголемиот дел од нив не може да се забележи паника. Мислам дека така е со повеќето луѓе. Сепак постојат и таквите кои прават паника, ама со истото тоа не сфаќаат дека можат да им наштетат и на другите. Паниката никогаш не помага, нема ни сега. Но постојат и таквите кои не ја сфаќаат сериозно ситуацијата. Најдобро е да не се оди од една во друга крајност, туку да се најде средината и смирено со ладна глава да се влечат постапки од кои би имале полза сите. .

Кои мерки се превземени од страна на градските власти за ликвидација на пандемијата? Каква е состојбата со московското метро и со јавниот транспорт?

– Како што реков веќе Москва е најпогодениот град и дел, од Руската Федерација од страна на новиот Коронавирус. Тука мерките се најстроги. Најмногу ги има и најмногу напори се прават. Доколку мора да одите некаде низ градот подалеку од препорачаното од својот дом, на пример на работа, мора да имате пропусница која тоа го дозволува. Претходно таа мора да биде одобрена од посебна служба задолжена за такви прашања.

Москва важи за град кој што никогаш не спие. Каква е Москва во време на карантин и на пандемија? Што работи а што не работи во време на карантинот во Москва? Дали има зголемување на цените на прехранбените продукти во Москва?

– Москва може да се рече дека заспа. Сепак тоа нема да биде долго и после сето ова таа ќе се разбуди и се ќе се врати во нормала. Нема многу луѓе кои што се движат. Работат само продавниците за храна и аптеките, а дел од ресторантите работат со тоа што вршат доставка до домовите на луѓето. Не се препорачува излегување надвор без некоја поголема потреба. Откажани се сите големи настани. Градскиот транспорт е отворен исто така за оние кои имаат специјална пропусница. Исто важи и за приватните транспортни компании ( таксињата) . Има многу мерки, сепак луѓето се тие кои треба да бидат свесни и да ги почитуваат.

Дали македонската амбасада им помага на македонските граѓани во Москва и во Русија?

– Нашата амбасада е во постојан контакт со нас и пробува да помогне колку може во оваа ситуација. Редовно не известува за вонредните летови кои се организираат доколку би сакале да се вратиме назад.

На крај, што би сакале да им порачате на читателите на Поглед Мк?

– Би сакал да им препорачам, не само на читателите на Поглед.Мк туку и на сите граѓани на Македонија, да ги почитуваат мерките кои се даваат од страна на одговорните лица и институции. Да бидеме заедно, сплотени што побргу да го победиме овој вирус и да живееме нормално како што живеевме порано, само овој пат многу позрели, поодговорни и подобри.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Строги мерки: Се воведува полициски час во одредени градови кои претставуваат корона-жариште во соседна Грција

Заради зголеменото ширењето на коpoнa Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Мерките стапуваат на сила во 6:00 часот денес...

И Груевски се прости од Амди Бајрам: Јас сум сведок дека тој беше човек кој помагаше на многу луѓе во тешки времиња

In memoriam Замина Амди Бајрам. Добар човек, снаодлив и многу емотивен, секогаш подготвен за добра шега. Незаборавен лик во македонската политика со кого имавме одлична...

И Сашо Мијалков се прости од Амди: Беше легенда 102, 3 %, ќе бидеш долго запаметен на јавната сцена

Драг пријателе, Беше легенда 102,3%, вели Сашо Мијалков по повод смртта на Амбди Бајрам. – Со својата појава и уникатно однесување ке останеш долго запаметен...
- Advertisement -