fbpx
15 C
Skopje

Како животните знаат дека ќе има земјотрес?

АКТУЕЛНО

Сите знаеме дека животните ги чувствуваат земјотресите пред нас, но како? Секој земјотрес се состои од два иницијални бранови, голем и мал. Малечкиот бран му претходи на големиот за 5 секунди, а милениците го чувтвуваат токму овој немир на земјиштето и веднаш реагираат.

Овој начин на чувствување на земјотреси може да им се случи и на луѓе кои се во мирување, но изненадувачкиот факт допрва следи. Малиот бран пред земјотресот не е ништо во споредба со способноста да почувствуваат земјотрес денови пред тој да се случи.

Животните преживеале комплетно менување на тлото на земјата со тоа што мигрирале од трусните подрачја недели пред да се случат земјотреси и лизгања на земјиштата. За сега постојат само теории за нивниот развој и исклучително чувствителни сетила.

Некои од научниците сметаат дека тоа се должи на гравитацијата која ја примаат со сите четири нозе, но ниту една претпоставка не е со сигурност докажана. Сепак, ако забележите дека вашиот миленик бара да се качи на високо, на нозе и веднаш на сигурно.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -