fbpx
5 C
Skopje

Калиопи го возврати ударот кон српската новинарka која ја нападна- од нејзините зборови веднаш ќе ви стане јасно кој е во право

АКТУЕЛНО

Македонската пејачка Калиопи Букле со огласи по изјавата на српската водителка Весна Дедиќ, која за медиумите раскажала дека никогаш повеќе нема да ја покани во емисија, бидејќи, како што тврди, не сакала да ја испочитува.

Калиопи е шokирана од изјавата на Дедиќ и демантира дека ѝ се заканувала со отказ.

„Мене никој не ме познава како таква личност како што вели Весна. Јас навистина не знам што ѝ е на госпоѓата и што сакала да каже со тоа. Цели 35 години ја работам оваа работа и никој никогаш не ми кажал такво нешто, ниту така ме навредил како што таа ме навреди. Точно е дека тогаш задоцнив на тоа неславно снимање поради сообраќајна несреќа што се случила поради невреме, бидејќи патував од Загреб за Белград, нејзината продуцентка го знаеше тоа. Ова го слушам првпат сега, шокирана сум од она што го зборува.

Како и да е, јас ја почитувам Весна Дедиќ, онолку колку што не ја познавам, како интелектуалка, новинарка и писателка, дури ги прочитав и нејзините книги. Она што го зборува е сосема туѓа работа за мене, навистина не знам за што таа жена зборува. Калиопи се бори луѓето да добијат работа, а не да се заканувам на некого со отказ, тоа е скандалозно што го зборува. Никогаш во животот не сум имала проблем од ваков вид“, изјавила Калиопи.

Овој одговор на Калиопи дополнително ја изнервирал Дедиќ, која и понатаму не се откажува од своите тврдења.

„За жал, Тијаниќ не е жив, па не можам да ви кажам: „Прашајте го Тијаниќ!“. Без оглед на сè, јас сепак, и понатаму ја слушам Калиопи и не е важно она што го направила во афект“, истакнала водителката.

Дедиќ претходно изјави дека Калиопи не се појавила на закажаното снимање, дека таа и тимот не сакале да ја чекаат и дека никогаш нема да премине преку таа ситуација.

„Таа рече дека не доаѓа предвид и дека ќе му се јави на тогашниот директор да му каже да ме отпушти, ако не ја чекам. Јас ѝ реков, слободно јави се. Таа не се појави на снимањето, јас не сакав да чекам неколку часа. Никогаш тоа нема да ѝ го заборавам“, истакна Дедиќ за „Свет“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -