fbpx
18 C
Skopje

Канада ќе го легалиира рекреативното користење на марихуана

АКТУЕЛНО

Канада ќе го легализира рекреативното користење на марихуана, јавува Би-Би-Си.

Според извештаите, членовите на Либералната партија со процесот ќе започнат во април. Либералите веќе некое време најавуваат дека оваа пролет ќе биде готов нацрт-законот, кој после треба да биде предложен до работените групи во парламентот.

Препораката е да се дозволи продажба на марихуана за полнолетни лица за рекреативна употреба и да се наплаќаат даноци во склад со јачината и количестовото на марихуана во производите кои што се продаваат.

Полнолетните лица би можеле да имаат до четири билки во развој и 30 грама сушена билка во свој посед. Сојузната влада ги ги надгледувала примената и продажбата на лекови на база на марихуана, додека регионалните власти би ја уредувале дистрибуцијата и продажбата на билките и производите од марихуана.

Канада до сега е најголем произведувач на медицинска марихуана, па новиот закон и промените кои што тој ги носи би поттикнале дополнителни вложување во овој бизнис.

Медицинската марихуана е легална во Канада од 2001. година, а на тероторијата на државата постојат 40 лиценцирани произведувачи. Канаѓаните, особено младите, се меѓу најголемите корисници на марихуна во светот, а новиот закон кој што е во припрема би можел да ја намали нелегалната продажба и да го намали криминалот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -