fbpx
5 C
Skopje

Каракамишева: Договорот од Преспа го менува името на државата и идентитетот на Македонците, нивната историја

АКТУЕЛНО

Љубчо Георгиевски: Се чувствувам како македонец и како ништо друго

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски кој деновиве излезе со предлог план за решавање на спорот со Бугарија, којшто власта не го прифати, вели...

Вучиќ до криминалците: Готови сте, еден нема да толерирам, сите ќе ве уапсиме

По завршувањето на седницата на Советот за национална безбедност, беа прикажани фотографии со вознемирувачkaa содржинa каде се прикажуваат тешки докази. Клучните докази против криминалните групи...

Христијан Мицкоски од инфективна клиника: Тешко дишам, а главата ми пука од температура

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи на фејсбук од инфективна клиника: По криминални и украдени избори, злоупотреба на вонредна состојба, масовен поткуп, притисоци,...

По барањата за воведување рестриктивни мерки, се огласи и Филипче: Не е исклучена можноста за воведување на рестриктивни мерки идната недела

Засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки, но можноста за такво нешто не е исклучена, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Како што...

Професорката на Правниот факултет во Скопје, Тања Каракамишева смета дека власта повторно го крши правото и носи фалична одлука за распишување на референдум. Таа својот став го објаснува во статус на Фејсбук.

1. Одлуката за распишување референдум власта одлучи да ја донесе врз основа на чл.73, став 1 од Уставот без да му објасни на народот од кога тоа Собранието има надлежност да менува вековно име, идентитет на Македонците, државјанство, култура, историја, традиција? По кој член од Уставот пратениците го имаат таквото право, а Собранието таква надлежност? Нема такво право, нема таква надлежност! Денес пратениците ќе гласаат за уставно спорна одлука и треба да бидат свесни дека за постапките што ги прават ќе сносат одговорност еден ден! Договорот од Преспа го менува името на државата, го менува идентитетот на Македонците, нивната историја, култура и се што е македонско, прашања за кои Собранието согласно Уставот нема утврдена надлежност да ги менува. Ако пратениците мислат дека ќе се покријат со надлежноста да го менуваат Уставот се лажат бидејќи ниту еден Устав не смее да ја избрише целата историја, култура, традиција, идентитет на еден народ. Правото да се самоопределиме и да се самоидентификуваме како Македонци ни е загарантирано со меѓународното право, конкретно со чл.1 од Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, како и со Меѓународниот пакт за граѓански и политички права кои велат: “Сите луѓе имаат право на самоопределување. Согласно ова право тие слободно го определуваат својот политички статус и слободно го остваруваат својот економски, социјален и културен развој”. Станува збор за права заштитени со JUS COGENS нормите кои се однесуваат не само на народите и не само на нивните колективни права, туку се и ДРЖАВНО ПРАВО, односно меѓународно право на државата.Со договорот се повредува правото на достоинство утврдено во чл.1 од Универзалната Декларација за човекови права според кој “сите луѓе се родени слободни и еднакви во достоинството и во правата”, повреден е чл.1 од Повелбата на фундаменталните права на ЕУ каде стои дека “човековото достоинство е неповредливо. Мора да се почитува и да се заштитува”. Од друга страна, законот за ратификација на договорот се уште не е објавен во Службен весник на РМ што значи не може да биде содржан во референдумското прашање бидејќи чл.118, став 1 од Уставот вели дека Меѓународните договори ШТО СЕ РАТИФИКУВАНИ во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок…овој договор не е ратификуван во согласност со Уставот односно законот за негова ратификација се уште не е објавен во Службен весник што значи дека истиот не е дел од внатрешниот правен поредок на земјата.

2. Одлуката се повикува на чл.73, став 1 од Уставот а не се повикува на ниту еден член од Законот за референдум што ја прави правно фалична и неупотреблива. Уставот не познава категорија “референдум за консултирање на граѓаните”. Тоа што не е наведен член/членови од Законот за референдум по кој власта ќе го организира референдумот остава простор за можни манипулации понатаму што најверојатно е цел на фаличната одлука. Власта е должна во одлуката да наведе по кој/кои членови од законот за референдум го организира референдумот за да граѓаните знаат што гласаат и како да го одбранат своето право понатаму. Плус за вакви тешки прашања во кои се споменува и ЕУ власта не смее да распишува консултативен референдум бидејќи го крши чл. 120 од Уставот каде јасно е утврдена постапката за носење одлука за стапување или истапување во сојуз или заедница со други држави.

3. Во чл.9, став 1, алинеја 3 и 5 од законот за референдум јасно е утврдено дека граѓаните одлучуваат на референдумот, тоа во одлуката никаде не е наведено, што значи власта прави уште една манипулација со граѓаните.

4. Референдумското прашање е повеќезначно бидејќи во себе има повеќе прашања што е спротивно на чл.15, став 4 од законот за референдум каде стои дека прашањето мора да биде прецизно формулирано и недвосмислено. Ваквото прашање го повредува и Кодексот за добри практики за референдуми на Венецијанската комисија каде исто така е утврдена обврска на властите да поставуваат прашања што се јасни, прецизни и недвосмислени.

 

ФОТО

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Љубчо Георгиевски: Се чувствувам како македонец и како ништо друго

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски кој деновиве излезе со предлог план за решавање на спорот со Бугарија, којшто власта не го прифати, вели...

Земјотрес во Македонија – ноќеска се тресеа овие градови во земјава

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 22:43 часот е почувствуван во Дебар, Гостивар и Маврово, соопшти денеска Сеизмолошката...

И докторите заплакале: Оваа потресна фотографија крие приказна која никогаш нема да ја заборавите

Брачниот пар Дон (84) и Маргарет (80) биле во брак 59 години, тие во август оваа година починаа заедно држејќи се за рака. На вработените...

По Задушница доаѓа големиот празник: Што треба да направи секој верник?

Прочка, кој доаѓа по Задушница, претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Празникот Прочка или Велики...

ОВАА ЗАГАТКА НИКОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА ЈА РЕШИ, А ДАЛИ ВИЕ ГО ЗНАЕТЕ ОДГОВОРОТ: Кое семејство од фотографијата е сиромашно?

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ: Слика подолу Со оваа загатка ќе го тестирате Вашиот мозок и можеби ќе откриете дали би биле добар детектив. Па, кое од...
- Advertisement -