fbpx
-7 C
Skopje

Каракамишева го открива планот „Б“ на Заев, Димитров и Шекеринска ако не успее референдумот

АКТУЕЛНО

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Заев го победи Црвенковски со 3:0 – ја направи СДСМ победничка партија, ја внесе Македонија во НАТО и е на чекор до ЕУ

Пенал(и) за Зоран Заев - фејсбук статус на Дарко Пешевски од ВМРО НП Го изгледав неколку пати интервјуто на премиерот но и го прочитав неколку...

Николовски: Граѓаните ќе добијат целосно обновена патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија,

Модернизацијата на паневропскиот Коридор е од исклучително значење за регионалното поврзување и соработка, како и за развој на домашната економија. Патниот правец Крива Паланка...

Професорката Тања Каракамишева во статус на Фејсбук вели дека сите анкети покажуваат дека референдумот во недела ќе биде неуспешен, но таа вели дека со тоа што СДСМ и ДУИ направија референдумот да не биде задолжителен, ќе одат понатаму со реализација на договорот во Собранието. Таа прашува како власта мисли да ја изврши продажбата на пратеници од опозицијата покрај народот жив и здрав.

Фејсбук статус на Тања Каракамишева:

Сите анкети до сега покажуваат дека референдумот во недела ЌЕ БИДЕ НЕУСПЕШЕН Јасно е дека првиот цензус на излезност од 903.169 гласачи е невозможна мисија исто колку што е невозможно 50%+1 од тие излезени да гласаат “за” договорот!

Колку сака Димитров нека се гимнастичари со разно-разни негови домашни математики според кои и 100.000 да излегле и од нив 50.001 да гласале “за” според него ќе сме имале успешен референдум, значи настрана овие гимнастики “како мали Ѓокица замишља свет”, јасно е дека позитивна одлука на референдумот во недела нема да има!

Она што е посебно интересно е да го видиме планот Б на Заев и неговите!

Иако тврдеше јавно дека нема план Б, тој сепак постои и беше објаснуван во повеќе наврати од страна на неколку министри во владата!

Веројатно сите нивни логики, ама не здрави, ќе бидат засновани на фактот дека овој референдум нема правна важност затоа што бил консултативен и како таков не ја обврзувало владата да постапи согласно неговата неуспешна одлука!

Да потсетиме, карактерот на референдумот требаше да биде утврден во одлуката на Собранието при неговото распишување. Тој елемент што е задолжителен согласно законот недостасуваше, односно во одлуката намерно не беше ставен видот и карактерот на референдумот за да може власта по неговата неуспешност да продолжи да манипулира со граѓаните!

Токму оваа манипулација е почетокот на планот Б на Заев, Димитров и Шеќеринска!

Со прогласување на референдумот за незадолжителен СДС и ДУИ ќе одат натаму во реализација на планот во Собрание. Прашањето е како тие замислуваат да ги буткаат уставните амандмани подготвени од Грција кога се делегитимирани на референдум од страна на граѓаните?

Како планираат без граѓанска волја да го тераат процесот на уставни измени кога се знае дека за промена на име и идентитет на народ и држава немаат добиено мандат од граѓаните?

Плус како мислат да ја извршат наводната продажба на пратениците од опозицијата покрај народот жив и здрав? Па тие се народни претставници не се нивни слуги! Како мислат да го тераат мачниот и долг процес на уставни измени каде сите оние што се “за” промена на Уставот треба да притиснат копче “за” три пати?

Како тоа мислат да го спроведат без да имаат согласност од народот? Што се замислуваат овие луѓе со нивните планови, дека се богови, надлуѓе, ШТО?

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Доктор појаснува: Еве кога и како може да се заразите со Ковид-19 носејќи заштитна маска

„Колку почесто излегувате надвор и повеќе време поминувате во гужва, почесто треба да ја перете вашата заштитна маска или пак едноставно да ја фрлите...

Николов: Предвидуваме изградба на конзоли за пешаци на река Отиња.

За три години, локалната самоуправа предводена од СДСМ реализираше бројни капитални проекти, важни за унапредување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.Штип мора да...

Богојески распали по Груевски: Завалијава никаде го нема да гукни за бугарското прашање

Оваа завалијава никаде го нема да гукни за бугарското прашање... за стопирање на македонската интеграција во ЕУ... Но штом го чепнаа кај што го...

Венко Филипче со важна информација: Добивме 13.500 брзи тестови од Норвешка

Денеска добивме донација од 13500 брзи тестови од Норвешка, а 10000 од нив ќе бидат за Министерството за здравство. Оваа помош произлезе од потпишаниот...

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...
- Advertisement -