10.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Кардиохирургија со полн напон – Во 2015 извршени 388 операции

Во текот на минатата година, лекарите на Државната кардиохирургија направиле вкупно 388 операции од кој 150 биле васкуларна хирургија. Од страна на надлежните велат дека оваа установа е една од најбрзорастечките во земјата.

Во однос на 2015 година, бројот на интервенции во кардиохирургија е за трипати зголемен, додека пак за васкуларна интервенција, порано пациентите се испраќале во приватни болници.

„Државната кардиохирургија одлично се развива согласно предвидените планови и прераснува во една од институциите кои се стожер на здравствениот систем во Македонија“, изјави министерот за здраство, Никола Тодоров.

Буџетот од формирањето на оваа институција во 2014-та година заклучно со буџетот за 2017-та година е зголемен за пет пати.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави