fbpx
-5 C
Skopje

Касами со пријава во полицијата дека не може да влезе во партиското седиште

АКТУЕЛНО

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Заев го победи Црвенковски со 3:0 – ја направи СДСМ победничка партија, ја внесе Македонија во НАТО и е на чекор до ЕУ

Пенал(и) за Зоран Заев - фејсбук статус на Дарко Пешевски од ВМРО НП Го изгледав неколку пати интервјуто на премиерот но и го прочитав неколку...

Николовски: Граѓаните ќе добијат целосно обновена патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија,

Модернизацијата на паневропскиот Коридор е од исклучително значење за регионалното поврзување и соработка, како и за развој на домашната економија. Патниот правец Крива Паланка...

Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами пријавил во полиција дека не може да влезе во партиското седиште, откако вчера беше разрешен на состанокот на скопскиот огранок. Касами синоќа околу 23 часот во полициската станица во Бит пазар пријавил дека непознати луѓе од агенција за обезбедување го спречиле да влезе во партиската канцеларија во Мавровка. Тој три часа бил спречен да влезе во просториите на партијата од страна на членови на обезбедување, кои не ги познавал.

Зад Касами стои тетовскиот огранок на партијата, кој вчера одржа паралелен состанок на кој беше одлучено на 24 февруари да се одржи првиот конгрес на партијата, на чие чело дотогаш да биде Касами. Тие денеска одржаа прес-конференција во Тетово, на која порачаа дека Беса ќе остане да се бори во политичката битка, а неодговорните луѓе да ги тргнат рацете од оваа партија.

„Беса ќе продолжи со својата политичка битка, во интерес на Албанците и другите граѓани во Македонија. Не можеме да останеме рамнодушни на пратеникот Неџмедин Карајмани и бараме да ги почитува законските органи како и легитимниот претседател Биљал Касами. Апелираме до неодговорните луѓе, кои на незаконски начин сакаа да и наштетат на Беса, што побргу да се повлечат од ѓаволската игра. Ќе се преземат сите законски и политички мерки против секој што не ги почитува сите институции“, рече претседателката на Форумот на жени на Беса од Тетово, Хатије Етеми. Таа рече дека членство на движењето од овој огранок и околните места потпишале декларација со која се бара од органите на движењето одржување на внатрешното единство, политичкото влијание и успешните резултати во политичкиот живот во Македонија.

Етеми побара од пратеникот од тетовскиот регион Неџбедин Каремани, кој вчера на Централниот совет одржан во Скопје беше назначен привремено да ја води партијата, да ги почитува законските и легитимните органи на Беса, бидејќи претседател на партијата е Биљал Касами.

Абдуш Демири, задолжен за односи со медиумите, рече дека членовите на Централниот одбор што вчера одржале неформален состанок во Скопје биле поканети да присуствуваат и учествуваат на состанокот на Централниот совет на движењето Беса во Тетово. „Последните информации ни беа дека тие ќе дојдат. Но, во последен час добивме информации и слушнавме дека тие одржуваат некој неформален состанок во Скопје каде донеле нелегитимни одлуки. Централниот совет и движењето Беса се овде“, изјави Демири.

Според нив, легитимен е само состанокот на Централниот совет на Беса што се одржа во Тетово каде се одлучи дека на 24 феврураи ќе биде организиран првиот конгрес на движењето Беса и каде беше избрана комисија од седум членови која ќе го координираат целиот процес за конгресот. До конгресот движењето Беса ќе го води досегашниот претседател Биљал Касами.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Доктор појаснува: Еве кога и како може да се заразите со Ковид-19 носејќи заштитна маска

„Колку почесто излегувате надвор и повеќе време поминувате во гужва, почесто треба да ја перете вашата заштитна маска или пак едноставно да ја фрлите...

Николов: Предвидуваме изградба на конзоли за пешаци на река Отиња.

За три години, локалната самоуправа предводена од СДСМ реализираше бројни капитални проекти, важни за унапредување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.Штип мора да...

Богојески распали по Груевски: Завалијава никаде го нема да гукни за бугарското прашање

Оваа завалијава никаде го нема да гукни за бугарското прашање... за стопирање на македонската интеграција во ЕУ... Но штом го чепнаа кај што го...

Венко Филипче со важна информација: Добивме 13.500 брзи тестови од Норвешка

Денеска добивме донација од 13500 брзи тестови од Норвешка, а 10000 од нив ќе бидат за Министерството за здравство. Оваа помош произлезе од потпишаниот...

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...
- Advertisement -