fbpx
-2 C
Skopje

Катастрофални услови на Гинекологија, умираат по три бебиња неделно

АКТУЕЛНО

Директорот на Шутка откри како е сместен Сашо Мијалков и што се презема за него

Како што е познато Сашо Мијалков екс директор на УБК од вчера се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Филип Андонов, директорот на затворот...

Брзал да се вakцинира, 88 годишник возел 191 км на час

Француската полиција се изненадила кога запрела 88 годишен маж кој управувал со автомобил, а возел 191 км/ч. Ограничувањето на патот по кој возел е 110...

Јавете се на овие броеви ако сте во странство и имате прашања за пописот

На сајтот на Министерството за надворешни работи се објавени телефонски броеви што ќе функционираат 24 часа и ќе бидат достапни за граѓаните за информации...

Стојанчe Ангелов со коментар за вчерашнитe протести во Скопје: Монструм и помирување не одат заедно

Стојанче Ангелов утрово се огласи на фејсбук по повод вчерашните протести во Скопје и напиша: МОНСТРУМ И ПОМИРУВАЊЕ НЕ ОДАТ ЗАЕДНО Скандирањето “УЧК“, “Етничка Албанија”, мавтањето...

Од почетокот на годинава до почетокот на овој месец починале 127 бебиња, информираат од државата Клиника за гинекологија. Ризичните бремености и лошите услови на интезивната нега во Клиниката се дел од причините за смртноста.

По две бебиња во еден инкубатор за предвреме родени бебиња, 4 медицински сестри во една смена кои се грижат понекогаш и за 50 бебиња, недостиг на лекари, педијатри, анестезиолози и хистопатолози, неисправна вентилација и неисправен систем за загревање во оперативните сали, покрив кој протекува и флеки од влага од последниот кат во собите на пациентите, па сè до подрумските простории каде што се сместени лабораториите. Ова се дел од забелешките на државниот санитарен инспекторат кој изминатава недела правеше контрола во Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Само во изминативе 9 месеци починале 127 бебиња, велат од ГАК. Лошите услови и недостаток на кадар се само дел од можните причини за зголемената смртност на новороденчињата.

Директорката на инспекторатот Ирина Сотирова Бухова вели дека констатирани се низа забелешки и проблеми што се однесуваат на просторните услови и опремата, како и во недостатокот на стручен кадар, кои може да влијаат врз судбината на новороденчињата, особено на оние кои се предвреме родени.

„Морам да напоменам дека секое новороденче е индивидуален случај, и факторите кои довеле до несакан смртен исход се индивидуални, но сите овие услови, односно неисполнувањето на условите кои се нотирани од инспекцискиот надзор може да придонесат за негативен исход, но за секое новороденче има индивидуален пристап“, вели Сотирова Бухова.

Таа посочува дека вкупно на ГАК се вработени 300 стручни лица, од кои 86 се доктори-специјалисти, 125 акушерки, 60 медицински сестри и 29 лаборанти. Според неа, оваа бројка не ги задоволува капацитетите со кои функционира клиниката.

Директорката на ГАК Викторија Јовановска вели дека краткорочни решенија за кадарот нема, по изборите ќе се обидат на вработат медицински кадар, но за специјалисти ќе им биде потребно повеќе од една година, па во меѓувреме ќе се снаоѓаат со увезување на кадар, односно со хоризонтална миграција на кадар.

„Последниот анестезиолог е примен пред 15 години. Нема педијатри. Немаме инструментари. Ако ми верувате, сестрите дежураат за 150 денари. За малку ќе требаше да затвораме оперативни сали, затоа што немавме инструментарки. Во преговори сме со педијатри, кои ќе ги едуцираме и примиме“, вели директорката Јовановска.

Таа посочува дека проблемите се стари со години, но од некаде мора да се почне.

Јовановска додава дека како клиника стартувале дел од активностите за надминување на овие проблеми, но поради изборниот период Клиниката е ограничена во средувањето на состојбите. Таа изјави дека по изборите ќе се преземат итни мерки за средување на состојбите, од кои како битна ја истакна мерката за солидно плаќање на трудот на вработените. Таа додаде дека добила ветување и од Владата и од Министерството за здравство за нова опрема, односно им било најавено дека ќе обезбедат нови 15 инкубатори за ГАК, како и пет кои ќе бидат во болниците во внатрешноста за да може во матичните установи да се префрлат бебиња кои се веќе извлечени од кризата.

Извор: Радио Слободна Европа

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ТАЖНА ВЕСТ: ИМ НЕМА КРАЈ НА ТРАГЕДИИТЕ: ПОЧИНA ПОЗНАТИОТ ЛЕГЕНДАРЕН ПОРАНЕШЕН КОШАРКАР – Миленко Савовиќ!

Во само неколку дена и трет голем спортист од просторот на поранешна СФР Југославија прерано го напушти овој свет. По ракометарот Златко Сарачевиќ и фудбалерот...

За 3 години жена успеала да заштеди пари за нов стан – нејзиниот едноставен трик стана вирален на интернет

Шери Хауви ги воодушевила сите со својот начин на штедење пари, а на истиот може да штедат сите оние кои што имаат доволно пари...

Фото: Благодарение на добрите луѓе, нема да препознаете како изгледа куќата на Атиџе

Сузана Турунџиева во последно време минува многу време со Атиџе Муратова и станаа одлични пријателки. Сега, таа на својот Фејсбук профил сподели прекрасна вест: „Градежните работи...

Oвој март ќе биде посебен за три хороскопски знаци: На овој знak се ќе му појде од рака

Нов месец, нови предизвици, нови возбудливи денови особено за овие три хороскопски знаци ЛАВ Токму во март ќе се ослободат од предрасудите и конечно ќе...

БГНЕС: Масаkр и линч над Љубчо Георгиевски

Во последните 24 часа, во РС Македонија се одвива масовен и целосно координиран напад против поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски, откако вчера тој предложи свој...
- Advertisement -