fbpx
6.8 C
Skopje

Катастрофално свлечиште во Колумбија: Бројот на жртви се искачи на 255 (ФОТО)

АКТУЕЛНО

Најмалку 255 луѓе се загинати во катастрофалното свлечиште во југозападниот колумбиски град Мокоa, меѓу кој се и 43 деца, изјави претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос

Претседателот допатувал во Мокоа, град со околу 345,000 жители, со цел лично да ја надгледува операцијата за спасување, а предупреди дека бројот на жртви може да порасне.

„ На моја голема жалост бројката на жртвите може да порасне. Се молиме за нив“, накратко напиша на Твитер тој.

Спасувачите ја продолжуваат потрагата по жртвите во секој дел од рушевините. Во свлечиштето многу автомобили останале заглавени во калта, а многу дрвја се искорнати до корен.

Повеќе од 1.200 војници и полицајци се повикани да помогнат во мисијата за спасување на луѓето.

 

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -