6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Катимерини: Има позитивна клима во односите меѓу Македонија и Грција

Грчкиот весник „Катимерини“ на своите страници објавува дека средбата меѓу преговарачите на Македонија и Грција со посредникот на Обединетите нации за спорот со името, Метју Нимиц, на 11 и 12 декември во Брисел е знак за континуитетот на позитивната клима, која се создала во односите меѓу двете земји по промената на власта во Македонија.  Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас повеќе пати напомена дека прашањето ќе биде решено во првата половина на 2018 година, предупредувајќи дека доколку ова не се случи ќе има големи потешкотии. Двете земји според весникот, ја градат меѓусебната доверба, преку мали и лесни чекори, што во исто време се симболични и мошне корисни. Во тој контекст,  е забележливо и смирувањето на страстите, околу планот на поранешниот премиер Никола Груевски околу проектот Скопје 2014.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -