fbpx
2.8 C
Skopje

Ќе бидат многу среќни, но и ќе добијат пари: Хороскопот вели дека два знаци ќе имаат среќен период

АКТУЕЛНО

ОВЕН
Занимавајте се со вашите домашни обврски бидејќи во тоа ќе ви помогнат вашата енергија и стабилност. Не ја исклучувајте можноста некои од вашите проблеми да ви попречат на патот, заобиколете ги ако сѐ уште не сте нашле решение за нив. Без нервоза, веќе се гледа светлост на крајот од тунелот- надополнет со извор на пари за кој не сте ни помислиле дека може вам да ви се случи.

БИК
Во вечерните часови ќе чувствувате внатрешна нестабилност и недоверба во вашите квалитети. Затоа подобро е бавно и спокојно да ги осмислите вашите идни планови за периодов, но тоа сторете го со многу памет и без нервози, а потоа преземете било какви акции. Парите нема да ви бидат проблем, но можно е да се зголемат на начин на кој најмалку се надевате.

БЛИЗНАЦИ
Не претерувајте со сѐ, а највеќе со храната и емоциите. Воздржете се од прејадување и не се внесувајте премногу во емотивните проблеми на тие околу вас. Некои разговори нема да ви се допаднат, не ги анализирајте, продолжете по својот пат. Иако во изолација, ќе најдете сила да се справите со нешта кои ќе ви донесат немир. Финансиската состојба не ви е најдобра, но следниот период има шанси за добивка.

РАК
Можно да преживеете некое разочарување. Наместо да се нервирате, обидете се да ја поврзете последицата со причината за оваа ситуација. Доколку реално размислите, самите сте виновни за некои случувања кои ви создаваат проблеми. Имате некоја чудна среќа- пари изгледа дека ќе имате повеќе отколку што очекувате.

ЛАВ
Ако не се чувствувате добро посветете внимание на здравјето, работата сепак може да почека. Ќе почувствувате и благ пад на вашата енергија. Но тоа е нормално со оглед на состојбата во која сите се наоѓаме. Ве очекува некоја неверојатна ситуација поврзана со финансии.

ДЕВИЦА
Не се чудете ако се почувствувате сами и неразбрани. Вие сте премногу активни и премногу гледате на далеку, а тоа ви создава дисхармонија околу начинот на кој луѓето функционираат околу вас. Намалете со темпото, нема да зажалите. Но, токму тоа тоа темпо за многу кратко ќе ви донесе финасиска поткрепа.

ВАГА
Премногу сте чувствителни. Воздржете се од искажување на љубомора. Тоа може да ви предизвика сериозни несогласувања со вашата сакана личност. Работата ви стагнира, чекајте поповолен период, не ги искажувајте гласно вашите мислења, некои луѓе немаат капацитет да ги сфатат. Ако работата стагнира, не значи дека нема да се рестартира! Со тоа следува и мала но солидна количина на пари.

ШКОРПИЈА
Распределете си го времето и не бидете расеани премногу во утринските часови. Синхронизирајте го вашето време и намалете со стресот. Можно е прекинување на некое старо пријателство, што многу ќе ве натажи. Од друга страна, можно е ново пријателство кое ќе ви донесе финансиска поткрепа.

СТРЕЛЕЦ
Опремете се со оптимизам. Ќе изникне погоден случај за да решите некои конфликти од секојдневието и ќе имате потреба од тој оптимизам. Проверете ја вашата електронска пошта, најверојатно ќе добиете важна порака поврзана со финансии. Во ваша корист ќе биде!

ЈАРЕЦ
Лесно ќе најдете заеднички јазик со луѓето, дури и со оние кои во принцип не ви се пријатни. Ако бидете трпеливи, ќе можете да ги споделите вашите идеи и да создадете нови сојузници. Ви претстои поволен период за работа и ќе се радувате од срце кога ќе ве побара личноста која многу ви значи и од која ќе добиете финасиска лекција, а парите нема да ви бидат проблем после тоа.

ВОДОЛИЈА
Не е пожелно од досада да споделувате детали од вашиот личен живот, ниту пак вашите идни планови. Бидете претпазливи. Ама сепак, периодот што следи е клучен за вашите финансии. Можеби е врме да се играат игри на среќа. Нема да ја добиете главната премија, но има шанси за висок износ.

РИБИ
Финансиската состојба ви е нестабилна. Периодов се очекува да имате пари, но и малку да заработите. Ако сте во конфликт со вашиот интимен партнер не се обидувајте да го решите со подароци. Ниту ќе го решите конфликтот ниту ќе ја подобрите вашата финансиска состојба со тоа.
Извор: maskimagazin.factor.mk

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -