fbpx
18.8 C
Skopje

Ќе има ли Заев поголема контрола врз пратениците на Мицкоски?

АКТУЕЛНО

Деновиве се поактуелно е прашањето – дали Заев ќе има поголема контрола врз пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ?

Владејачката партија СДСМ по консултациите со партискиот врв излезе со став дека ќе се обиде да направи максимални напори за да ги убеди пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласат за уставни измени во највисокиот законодавен дом односно Собранието на Република Македонија.

Од друга страна, неколкумина пратеници од најголемата опозициска партија истакнаа дека нема да гласаат за уставни измени и дека сега претставниците на народот во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се единствени, како никогаш досега. И покрај тоа што излегоа да гласаат на референдумот, дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и Рангелова и Крсто Јовановски преку свои статуси и изјави нагласија дека нема да гласаат за уставни измени со цел уставна промена на името.

ВМРО-ДПМНЕ има неколку услови односно барања кои се многу значајни за опозициската партија да може да прифати избори. Тие се техничка влада, нов јавен обвинител и формирање анкетна комисија која ќе ги разгледува прекршоците и нерегуларностите на денот на референдумот.

Ваквите барања се апсолутно неприфатливи за СДСМ и оттаму се одлучни дека сега е време кога одговорноста мора да ја преземат пратениците, ако не успеат во таа намера, тогаш нема друг избор освен вонредни парламентарни избори.

Во едни вакви околности веројатно се останува на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои или ќе го послушаат партискиот лидер Христијан Мицкоски, или ќе потклекнат кон притисокот на владејачкото мнозинство но и меѓународниот фактор кој секојдневно дава изјави и пораки дека одржување на избори значи и одалечување на патот на Македонија кон ЕУ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -