fbpx
13.8 C
Skopje

Ќе ја памти до крај на животот – Карлеуша жестоко ја нападна натпреварувачката

АКТУЕЛНО

Веќе на сите им е добро позната по своите коментари, така и овој пат Јелена Карлеуша била искрена откако се изнервирала од една од натпреварувачките која направила грешка при изведувањето на својата песна на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Натпреварувачката Сања Николиќ добила критики од Карлеуша, која ја „испрати на лавовите“, затоа што адекватно не се подготвила за настап.

Искусната Снежана Ѓуришиќ се обидела да ја оправда и разбере, но Карлеуша била немилосрдна.

„Снежана, дошла неподготвена, да ја прокоцка својата голема шанса“, го изнела своето мислење Карлеуша.

„Прво, да ја вежбала песната ќе го знаела редоследот на строфите, рефренот, еднаш два пати. Дали воопшто си се подготвувала? Вака си се подготвувала? Тогаш ти девојко не си за оваа работа. Бегај бре, од каде си дојдена. Ова не му се случува на оној кој сака да успее. Чао, бре! Фрлете ја на лавовите веднаш!“, порачала Карлеуша.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -