16 C
Skopje

Ќе побара ли Мицкоски прошка од Љубчо Георгиевски во името на ВМРО-ДПМНЕ?

АКТУЕЛНО

И Апасиев се огласи за Палчо: Ќе формираме наша црвена милиција

По немилиот настан со Љупчо Палевски – Димитар Апасиев се огласи на фејсбук: Ја не се сеќавам у време на Грујо вака со шипки и...

Груби со најава: Владатa ќе разгледа дали да субвенционира вработување на албанците и граѓани од други помали етнички заедници

Во синоќешното гостување емисијата „Клик плус“, вицепремиерот Артан Груби најави дека Владата ќе ја разгледува можноста за субвенционирање на приватните компании кои ќе вработат...

Премиерот Заев со владина делегација во дводневна посета на Атина

Конференцијата на угледниот магазин „Економист“ како тркалезна маса со Владата на Грција и учесници од регионот, оваа година е посветена на темата „Европа: Зајакнување...

По 14 ипол годишното владеење на Никола Груевски, со 376 гласови „ЗА“ Христијан Мицкоски стана новиот лидер на партијата.

Мицкоски е трет претседател на партијата, по неговите претходници Никола Груевски и Љубчо Георгиевски.

Што оставија зад себе првиот лидер и основач на партијата Љубчо Георгиевски и неговиот наследник Никола Груевски?

Foto

Да почнеме со ред. Како млад и храбар човек, во 90-тите години Љубчо Георгиевски е еден од оние кои ја предводеа борбата за независна и самостојна македонска држава.

Георгиевски, а не Киро Глигоров како што многу милуваат да кажат, е првиот наш политичар кој рекол – Макеоднија ќе биде независна држава, со своја валута, своја армија и репрезентација! На својот грб ја изнесе државата од силна економска криза, направи национален домашен производ за почит, тој човек успеа со една милијарда и триста илјади МАРКИ. да ја гради и брани Македонија. Денеска за разлика од тогаш државата има буџет од 5 милијарди ЕВРА.

Премиер на Македонија од 1998 – 2002 Периодот до 1998 година, Георгиевски делува како опозиционер. Тој е првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, од нејзиното основање во 1990, до мај 2003 година. Истовремено, во неговата биографија е запишано и дека тој е првиот потпретседател на Република Македонија по прогласувањето на нејзината независност во 1991 година.

Секогаш храбар и расположен да ги соочи фактите на маса, секогаш отворен и прецизен во своите ставови. Она што уште е повпечатливо за неговото време е дека тие четири години власт на Георгиевски се најдобрите во поглед на медиумската слобода во која секој новинар можеше да пишува што сака, на каков начин и да сака, без притоа да му биде вршен било каков притисок нему или на сопственикот на медиумот. За ова денеска сведочат дури и и некогашните негови најжестоки критичари од новинарскиот свет.

Делата на Љ. Георгиевски во Охрид!

И покрај тешката пропаганда дека е предавник на својот народ која зад себе му ја кроеа одредени центри раководени од некогашното СДСМ, за да таа пракса подоцна ја продолжат и неговите наследници на кои лично тој им ја отвори вратата во политиката, Георгиевски во 2015 година во бугарска емисија јасно и прецизно кажа дека се чувствува како Македонец.

Најлошото нешто кое зад себе го остави Георгиевски можеби се неговите кадровски грешки, за кои и тој самиот признал дека има проблем. Прв на таа листа е неговиот наследник Никола Груевски, кој во 11 годишното владеење се обиде да го избрише Георгиевски од историјата на ВМРО-ДПМНЕ, но и да ја засени неговата историска заслуга во борбата за независноста на татковината.

Преку разни сопки, притисоци и удари, преку купување на луѓе блиски до Георгиевски и правење трансфери како во фудбалскиот свет, Груевски и луѓето околу него успеаа преку истите тие методи да ги придобијат околу себе и своите најголеми идеолошки критичари, оние кои во 2003 не можеа ни да замислат дека тој може да им биде лидер во партијата. Сите тие, порано или подоцна, си го добија колачот, дел од нив добија високи функции, а дел од нив разни бенефити.

Она што е многу интересно е што Груевски во својот последен говор на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во 2017 на кој што за лидер беше избран Христијан Мицкоски упати огромна благодарност до неговиот претходник Љубчо Георгиевски и рече:

Му се заблагодарувам на мојот претходник Љубчо Георгиевски за укажаната поддршка и доверба, со кого успеав по неколку годишен прекин да ги обновам пријателските релации, при што дел од политичките разлики останаа, но остана човечкиот, партискиот и личниот однос и комуникација.

Што остави зад себе Никола Груевски?

Првите три години власт на Груевски беа едни од најуспешните години на државата во поглед на економијата и бизнис климата, години во кои сите велат дека Груевски добро си ја вршел својата работа. Моментот кога човекот почна да навлегува во работи кои и нему самиот не му се познати односно да експериментира со проекти од типот на Скопје 2014 каде што се потрошија милиони евра, во држава во која се уште имаме очајно здравство, образование, невработеност, ниски плати, пензии, масовно иселување на цели семејства, е момент во кој што Груевски почна да ги иритира не само македонските граѓани, но и соседите кои како едвај да чекаа да направиме некоја утка да почнат да испорачуваат нови и потешки барања спрема нашата држава.

Следуваше масовно узурпирање на медумите и судството, а во дел од нив Македонија беше претставува дури и како „Швајцарија на Балканот“. Следуваше беспоштедна и сурова борба против неистомислениците. Стапот играше сегде каде што ќе се отвореше лош збор против свитата од власта. Впрочем, тоа подоцна го слушнавме и во телефонските разговори објавени од тогашниот опозициски лидер Зоран Заев.

Груевски и Георгиевски на некој начин се дел од историјата на ВМРО-ДПМНЕ, но и на македонската држава, без разлика дали тоа некому му се допаѓа или не. Она што е многу различно од денешна перспектива е што едниот е политички азилант кој е пребеган од државата и живее во Будимпешта, додека другиот е слободен граѓанин и политичар кој нема никакво обвинение зад себе, а кој во изминатите 15 години зборува за тоа како треба да се решат најтешките прашања со цел да се отвори европскиот пат на државата кој треба да донесе и подобар економски живот за граѓаните.

Земајќи ги предвид сите грешки и удари кон човекот кој на некој начин ја основа ВМРО-ДПМНЕ, а истовремено отварајќи ги портите на партијата кон луѓе од типот на Иван Стоилковиќ или Титови Леви сили, Стевчо Јакиомвски и слични на ним, во предизборието се поставува и прашањето: Колку Христијан Мицкоски е подготвен да се извини за грешките кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи кон човекот кој го градеше во 90-тите и дали истиот ќе сака да му подаде рака на Георгиевски со цел обединување на десницата, ако тука се додаде фактот дека тој како политичка фигура зад себе има групација која тежи негде околу 40.000 гласови, кои би можеле да бидат клучни за едно чисто мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, кое ќе претставува разлика од над 6 пратенички мандати пред СДСМ, со што ќе се зацементира позицијата и никој и ништо нема да може да го спречи ВМРО да состави Влада.

Фото

Пишува: Костадинчо К.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

30 момчиња од Комити приведени во полициската станица во Кисела Вода

30-тина момчиња од навивачката група „Комити“ вечерва се приведени и однесени на распит во Полициската станица во Кисела Вода, дознава „Инфомакс“. Според нашите информации, момчињата...

Професор претепаал ученичка до смрт поради неточни одговори

Професор по математика од кинеската провинција Сечуан до смрт прee тепал ученик во основно училиште за два погрешни одговори на неговите прашања. Како што пишува...

Конечно излезе видео кое јасно укажува зошто треба да се укине ТИК ТОК – ова го гледаат и млади луѓе

Зошто СТОП за TikTok во Македонија? Затоа што ова го гледаат и млади луѓе! Ваква објава излезе на фејсбук страницата СТОП за ТикТок во Македонија....

Република Северна Македонија на лажговци

Нашата мила Македонија! Онаа која требаше да ја градиме, чуваме, негуваме, развиваме! Онаа Македонија во која се родивме, растевме, пораснавме, добивме синови и ќерки, внуци! Онаа...
- Advertisement -