fbpx
16 C
Skopje

Ќе се освестиме ли?

АКТУЕЛНО

Народе македонски, со какви идеи си ти, доста беше разбуди се, свести се, не спиј ти! До кога народот македонски ќе чека за да се освести? Деновиве на телевизија гледаме едни збунети ликови, кои кога говорат за настани од блиското минато говорат како да се случиле пред десет или дваесет години, па ете, поради долгото време како да подзаборавиле на нив.

Заборавивме како држава и народ дека Груевски „избегал“ преку гепек, за да подоцна од премиерот разбереме дека тој бил слободен граѓанин во времето на неговото бегство и дека тој слободно, без никаков притисок си ја напуштил државата и преку Албанија заминал во Унгарија. Интересно нели? Не знаев дека од возење во гепек, наеднаш се станува слободен граѓанин кој може така слободно пред да се донесе пресуда, да си ја напушти државата, и никој од институциите да нема ниту слух, ниту очи за тоа „бегство“. Упс, се извинувам, употребив погрешен збор, не за „бегството“ ами за слободното движење на тогаш слободниот граѓанин Никола Груевски.

Заборавивме како држава и народ дека протестиравме пред Влада за да дојде правдата и за Мартин Нешковски. Заедно со нас протестираше и денешната владејачка гарнитура, во чие време денес избега осуденикот за убиството на Нешковски. Заборавивме дека ни ветија реконструирани и нови студентски домови, изградба на студентски град, политики кои ќе ги задржат младите. Заборавивме и за ветувањата во здравството, во образованието, заборавивме и за таканаречните реформи во судството, во медиумите, заборавивме за инфраструктурните ветувања, заборавивме дека Крсто ја отвори вратата во Собранието, го заборавивме тефтерчето на Горде, прислушувањето, го заборавивме носењето за уши на гласање, нарачувањето шамари, ветувањата за загадениот воздух, едноставно со еден збор ја заборавивме правдата.

Се заборавивме! Само Никола Груевски, режимот и диктатурата никако да ја заборавиме! Уште е таа крива, исто како онаа старата „Бранко е крив“.

Оваа Влада за жал го продолжи истиот начин на владеење кој го практикуваше Груевски. Кога не можеш со факти и аргументи, удри јако со популистички ветувања, со оцрнување на политичкиот противник, со образложување на тоа колку претходните биле лоши и ја уназадиле државата!

И додека сето ова ни се случува, се поставува прашањето – ќе се освестиме ли? Ќе го казни ли македонскиот народ црно-белиот свет од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? Ќе дојдат ли вистински промени во државата?

Пишува: Звонко М.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -