fbpx
4 C
Skopje

Ќебапи и плескавици со пилешко месо ни продавале како да се свински и говедски

АКТУЕЛНО

УБАВА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: OД ДЕНЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ПРАВАТА ОД ДЕТСКАТА, ЦИВИЛНАТА И СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА

УБАВА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: OД ДЕНЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ПРАВАТА ОД ДЕТСКАТА, ЦИВИЛНАТА И СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА Министерството за труд и социјална политика информира...

НАЈНОВО: TOЛКУ ОД УБАВОТО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА – СЛЕДУВА ГОЛЕМА ПPOМЕНА ОД УТРЕ

Утре во текот на денот облачноста ќе се зголемува и ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Во сабота поради продор...

Рускиот астролог Василиса Володина открива: 3 хороскопски знаци кои ги чека парична добивка во март

Очигледно дека благосостојбата ги чека овие три знаци од Зодијакот оваа пролет. Проверете за што станува збор. Рускиот астролог Василиса Володина вели: 1. Можеби мислите дека...

Спасовски се огласи за ТиkТоk: Aпелирам за внимателно користење на социјалните мрежи

Апелирам за внимателно користење на социјалните мрежи. МВР од страна на Интерпол доби информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во маркети низ Македонија открила мелено месо за ќебапи и плескавици со пилешко кое било декларирано како свинско, говедско или мешано (говедско и свинско).

Месото е повлечено од продажба, а операторите со храна се парично казнети – со по 5.000 евра како правен субјект, односно со по 1.700 евра одговорните лица во компанијата.

Според директорот на АХВ Зоран Атанасов, контролите биле спроведени во мај годинава, но продолжуваат за да се заштитат потрошувачите и да се задржи квалитетот на производите.

– Кај пет оператори со храна утврдивме дека не ја декларираат употребата на живинско месо, а го ставаат во ќебапи или плескавици. Сега тоа го стопиравме. Направивме контроли директно во продажба кога првпат го утврдивме ваквиот пропуст. Земавме мостри од месото во маркетите, а резултатите што ги добивме од ДНК анализата за потеклото, од кој вид животно е, беа позитивни. Се потврди дека во тие производи е употребено живинско месо, рече Атанасов.

Операторите не знаеле дека се земени мостри за анализа. Испитувањето е повторено уште еднаш, директно од производствената линија. Резултатите тогаш се потврдиле уште еднаш.

– Првите контроли ги направивме во маркетите и поголемите продажни места зашто се со повисок степен на ризик поради масовната продажба. Сега одиме понатаму, кон операторите. Но, веќе сите знаат дека вршиме контроли. Тоа го покажаа и последните анализи во кои нема никакви показатели за вакви малверзации, објасни директорот.

Тој напомена дека е сменет начинот на земање мостри. Прво, како што рече, се прават проверки во продажба, а потоа кај операторот.

– Порано се земаа производи директно од кај операторот и се носеа во лабораторија, а сега, може да произведувате во Скопје ама производот да го провериме во маркет во Гевгелија, потенцира  Атанасов.

Осврнувајќи се на она што Агенцијата го сработи изминатиов период во делот контроли, Атанасов информира дека е утврдена и спречена и друга манипулација – продавање механички обработено пилешко месо декларирано како мелено. Месото било увезено од Грција.

– Пред една година, кога дојдов на фунцкијата, затекнав, иако не беше дозволено, како по маркетите слободно се продава, со декларација, живинско мелено месо кое всушност кај нас е забрането, а и во Правилникот воопшто не постои таква категорија – „живинско мелено месо“. Всушност, стануваше збор за механички обработеното месо познато како МОМ кое спаѓа во најризичната категорија доколку термички не се обработи и е најевтино. Практично, се вршела злоупотреба. На етикетата, наместо да стои МОМ, пишуваше „живинско мелено месо“, вели директорот и додава дека ваквата малверзација е веќе стопирана.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ЈА СТРЕСЕ И МАКЕДОНИЈА: Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер ја погоди нашата соседна земја Грција

Прочитај повеќе во продолжение на текстот Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер во 18:38 часот е регистриран на 31 километaр од Лариса, а...

Патник добил чудна порака од вработена на аеродром: Ја пријавил по што добила отказ

Работничка во обезбедувањето на њујоршкиот аеродром добила отказ бидејќи на еден патник му дала со рака напишана порака “Грд си”. Инцидентот се случил во јуни,...

УБАВА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: OД ДЕНЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ПРАВАТА ОД ДЕТСКАТА, ЦИВИЛНАТА И СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА

УБАВА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: OД ДЕНЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ПРАВАТА ОД ДЕТСКАТА, ЦИВИЛНАТА И СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА Министерството за труд и социјална политика информира...

Која е „крвната група“ на која припаѓа Македонија?

Од 1998 година па се до ден денешен сите Влади без исклучок во својата програма ветуваат европска иднина на државата. Почнувајќи од владата на...

Сакате шарена градина? Во март се сади ова цвеќe

Да имате прекрасна градина на лето, ви препорачуваме да ги послушате овие совети за садење цвеќиња. Бројни билки се садат во март, а тоа се...
- Advertisement -