7.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024
Платено политичко рекламирање

Кејн постави пет услови на Реал: Исполнете ги, дајте 350 милиони евра и ваш сум!

Реал Мадрид игра една од своите најлоши сезони во последните неколку децении и сигурно клубот наредното лето ќе бара голем ремонт на целата екипа.

Честите повреди на Бејл, Бензема кој е во катастрофална форма, Мајорал кој не е класа напаѓач за Реал и крилните напаѓачи на кој местото не им е овде е доволна причина за Реал да тргне по освежување на своите редови.

Во Мадрид бараат идеална замена, а наводно Хери Кејн е вистинското решение.

Тоа многу добро го знае претседателот на Тотенхем Даниел Леви, а 24. годишниот англиски репрезентативец не би имал ништо против трансфер на Сантијаго Бернабе. Англиските медиуми наведуваат дека кејн за почеток на преговорите со Реал поставил пет услови.

https://www.youtube.com/watch?v=35fI6CCLXSg

1. Сака сигурно место во екипата

Иако е тешко да се верува дека Зидан би стаивил на клупа играч кој би го платил 200 + милиони евра, англичанецот сака од Зидан ветување но и гаранција дека ќе биде неговиот прв напаѓачи избор во екипата. Кејн за тоа има врвни перформанси. Во 2017. година постигна 56 голови, повеќе од било кој играч на светот. Доволно е да се каже дека Пеп Гвардиола тимот на Тотенхем не го нарекува „Тотенхем“ туку “Хери Кејн Тим“

2. Решете се од Бензема

Кејн од Реал побарал да го продадат Карим Бензема се со цел неговото место во тимот да не биде загрозено.

3. Во нападот мораат да бидат Роналдо и Бејл

Тука би можело да има доста проблеми. Роналдо, како што рековме, повторно изјави дека сака да си оди од Реал, а Бејл е често повреден и тој размислува за заминување од Реал. Наводно, тој е желба на Мурињо, а Велшанецот во неколку наврати повтори дека сака да се врати на Островот.

4. Бара од клубот поддршка во трката за Златна топка

Кејн смета дека после доминацијата на Меси и Роналдо, дошол неговиот ред за престижната награда. Очекува од клубот дека ќе го поддржи во таквата намера, и дека ќе му ги овозможи сите додатни засилувања во екипата кои му се потребни за да стигне до наградата.

5. Мора да биде најплатен играч во светот

Додека е Роналдо во клубот тоа тешко ќе се оствари. Кејн тоа многу добро го знае, но на Реал му порача дека очекува нему да му припаднат 25 милиони евра од Португалецо годишно доколку тој замине од клубот. Кејн е моментално најплатениот играч на Тотенхем, но заработува едвај 4,8 милиони евра што е максимум кој го одобрува Даниел Леви.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави