fbpx
-3 C
Skopje

Кепевски: Богоев ветуваше брда и долини за карпошани, а откако ја доби власта и изминаа 100-те дена, не мрдна со прст

АКТУЕЛНО

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Заев го победи Црвенковски со 3:0 – ја направи СДСМ победничка партија, ја внесе Македонија во НАТО и е на чекор до ЕУ

Пенал(и) за Зоран Заев - фејсбук статус на Дарко Пешевски од ВМРО НП Го изгледав неколку пати интервјуто на премиерот но и го прочитав неколку...

Николовски: Граѓаните ќе добијат целосно обновена патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија,

Модернизацијата на паневропскиот Коридор е од исклучително значење за регионалното поврзување и соработка, како и за развој на домашната економија. Патниот правец Крива Паланка...

Карпош и граѓаните на општина Карпош се сведоци на 100 дена лаги, неспособност и неработење на Стефан Богоев. Стефан Богоев овие 100 дена буквално ги преспа и не отпочна ниту еден капитален проект за граѓаните. За да ги добие симпатиите на граѓаните, Стефан Богоев ветуваше брда и долини за Карпошани, а откако ја доби власта и изминаа 100-те дена, не мрдна со прст, истакна Томи Кепевски на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ветуваше чист воздух за сите, а дивите депонии растат на секој чекор, особено на потегот над речното корито на реката Вардар. Општината е нефункционална во поглед на одржување хигиена и чистота, а граѓаните се гушат во смог и ѓубре. Ветуваше пренасочување на градежните активности од урбаниот дел на Карпош, во делот на Бардовци и Злокуќани, се со цел развивање на делот на овие две населби, а прекинување на зголемувањето на бројот на згради во урбаниот дел, за пред некое време да бидеме сведоци ние советниците дека Стефан Богоев очекува огромни суми на комуналии во новиот буџет. Сето тоа би било во ред, доколку Богоев не е фатен во лага, а тоа значи дека нема предвидено скоро никаква инвестиција за овозможување комунални услови за градба во Бардовци и Злокуќани, и со тоа уште еднаш се потврдува дека ги изманипулира граѓаните на Карпош и ќе никнат уште многу згради оваа година, рече Кепевски и додаде:

„Стефан Богоев како и сите други негови партиски колеги, по насока на раководството на СДСМ избрка 100-тина вработени од општинската администрација. Тоа се луѓе со професионален ангажман со години наназад, кои беа избркани на улица за на нивно место да се вработуваат партиски војници. Нема никакви најави од ветените паркови, базени, градинки и останати проекти. 100-те дена на Стефан Богоев ќе се паметат по загадувањето, дивите депонии, бркањето на луѓе од работа и донирани неколку прочистувачи на воздух во градинките. Многу ветувања, а никаква реализација. Тоа е начинот на работа на СДСМ и Стефан Богоев“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Доктор појаснува: Еве кога и како може да се заразите со Ковид-19 носејќи заштитна маска

„Колку почесто излегувате надвор и повеќе време поминувате во гужва, почесто треба да ја перете вашата заштитна маска или пак едноставно да ја фрлите...

Николов: Предвидуваме изградба на конзоли за пешаци на река Отиња.

За три години, локалната самоуправа предводена од СДСМ реализираше бројни капитални проекти, важни за унапредување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.Штип мора да...

Богојески распали по Груевски: Завалијава никаде го нема да гукни за бугарското прашање

Оваа завалијава никаде го нема да гукни за бугарското прашање... за стопирање на македонската интеграција во ЕУ... Но штом го чепнаа кај што го...

Венко Филипче со важна информација: Добивме 13.500 брзи тестови од Норвешка

Денеска добивме донација од 13500 брзи тестови од Норвешка, а 10000 од нив ќе бидат за Министерството за здравство. Оваа помош произлезе од потпишаниот...

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...
- Advertisement -