fbpx
-6 C
Skopje

Ќерката на Чавков: Мајката на Дамовски брутално ја бркаа, не и дозволија на синот да му ги достави најпотребните работи

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Мојот татко Митко Чавков нема ништо сторено за да заслужи ваков третман, немаат ништо сторено ниту останатите притворени, единствено нешто за кое што се виновни е што си ја сакаа Македонија, истакна на вечерашниот протестен марш ќерката на екс министерот Митко Чавков, Зорица Чавкова.

-Јас сум Зорица Чавкова, горда на своето презиме, горда на својот татко. Што и да направат, каква монструозна приказна да измислат, нема да го сменат тоа. Јас сум горда на своето презиме. Мојот татко не е терорист, не се терористи ниту неговите колеги кои работеа долги години во Министерството за внатрешни работи. Се бореа за безбедноста на оваа држава, за безбедноста на граѓаните на Македонија. Не се терористи ниту Игор Дурловски, ниту Борис Дамовски, ниту Богдан Илиевски го знам тоа јас, го знаете тоа вие, цела Македонија го знае тоа, не се терористи, рече Чавкова.

Денес во истражниот затвор се сретнала со мајката на Дамовски. Била брутално бркана и не и дозволиле да му ги достави на синот најпотребните работи.

-Денеска пред шалтерите на Шутка ја сретнав мајката на Борис Дамовски. Ниту знае каква му е здраствената состојба, ниту знае дали нешто му е потребно, ниту знае дали се чувствува безбеден. Не и дозволија да му ги достави најнеопходните работи, ја бркаа брутално. Госпоѓо Лукеа главата горе. Јас и моите најблиски и семејствата на останатите притворени ќе се бориме, секој ден ќе се бориме за оваа мизерија да дознае цел свет, да дознат сите ширум светот како се третират нашите патриоти. Институциите во земјата моментално молчат, под притисок се, страв им е да преземат било што, молчат. Се ова што ни се случува денеска ќе остане само лош сон. Ќе остане само лош сон тоа ви ветувам на сите. Историјата и народот секогаш ќе ги слави патриотите, а не оние кои кукавички, кукавички заради разно разни интереси се обидувале да подметнат и да наместат некого. Почитувани сограѓани, мојот татко се вработи во полицијата пред 30 години, ги помина сите скалила од инспектор до директор на БЈБ, до министер, зад него стојат десетици признанија и домашни и меѓународни за се што има сработено на полето на безбедноста, додаде таа.

Семејството Чавкови и досега било мета на закани.

-После секоја успешно завршена акција, нашето семејство се справуваше со безброј закани. Сигурна сум дека ист придонес за оваа држава имаат и останатите за кои сега се обидуваат да не убедат дека се терористи, не се терористи. Мојот татко Митко Чавков нема ништо сторено за да заслужи ваков третман, немаат ништо сторено ниту останатите притворени, единствено нешто за кое што се виновни е што си ја сакаа Македонија. Срамно е да се одаваат наредби за упад во нашите домови во утринските часови, да се третират нашите најблиски како терористи, во исто време да се ослободуваат криминалци кои што се теретат за тешки убиства. Единствено нешто што пронајдоа во нашиот дом беше телефонот на татко ми и службениот пиштол. Зарем тоа е најопасното оружје и најдобриот доказ за да можат да докажат дека е терорист, зарем телефоните на Дурловски, Дамовски, Илиевски или било на кој од другите приведени се најопасното оружје и доказ за да ги третираат како терористи. Оваа срамна конструкција од која што подоцна ќе се срамат, ќе се срамат и ќе се оградуват меѓусебно ќе си ја префрлаат одговорноста. Зарем има подобар доказ на неправда и раеваншизам и од сликите кои што излегоа од најблиските. Сликите во затворот, сликите во судницата, зарем слушнале за презумција на невиност? Политичарите од актуелната власт молчат. Ви благодарам за поддршката што ни ја давате, ви благодарам од мое лично име, од име на моите најблиски, од името на татко ми, од името на семејствата на останатите притворени. Ви благодарам вечерва што сте овде, се гордеам со своето презиме, се гордеам со својот татко Митко Чавков, заврши Зорица Чавкова.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Најново: Во Грција ќе можат да влезат и неваkцинираните

Прочитај во продолжение Во никој случај нема да биде услов за некој да влезе во Грција, да мора претходно да прими вакцина, потенцираше министерот за...

Ви излезе жицата од градниkот – немојте да ја фрлате, секоја жена треба да го знае овој трик

Ако носите градници со жица, сигурно некогаш сте биле негрвозни откако жицата ќе ви излезе од градникот. Иако некои дами често таа жица веднаш ја...

Променила само една навиkа и ослабела 20 килограми: Дру Баримор открила како ја довела линијата до совршенство

На 45 години може да се пофали со совршена фигура, но патот до совршена линија не бил воопшто лесен, како што признава и самата. „Како...

Северина во чест на новиот претседател на САД: Слиkи кои kренаа голема прашина

Од денес САД имаат нов претседател – Џо Бајден. Последниот ден на Доналд и Меланија Трамп во Белата куќа истече и сега во неа...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...
- Advertisement -