fbpx
20.8 C
Skopje

Ќерката на Заев има одличен стил – погледнете како го носи трендот што им е омилен на Кејт Мидлтон и Меланија

АКТУЕЛНО

Ќерката на премиерот Зоран Заев има добар стил, па дури и кога „фура“ спортски парчиња тоа го прави на феноменален начин.

Ако мислевте дека патиките се наменети само за спортски активности, верувајте не сте во право. Тие можат да стојат одлично и во елегантни изданија, а оваа комбинација на Александра е одлиен пример за тоа.

Таа овој пат за преодниот период избра шик панталони во нежна розова нијанса, кои се врзуваат со панделка наместо ремен, кратка маица и тексас јакна, а целото издание го заокружи со бели патики кои се уште се вистински хит.

Да, белите патики без разлика дали се со рамен ѓон или оние со мала платформа, ќе бидат еден од главните трендови и оваа сезона.

Ќе им се радувате ако ги имате во вашите плакари бидејќи ќе можете да ги носите во сите пригоди и да ги комбинирате со парчиња со кои досега беше незамисливо да ги носите. И оваа сезона сé е дозволено, а тоа очигледно многу добро го знае и ќерката на Заев која во последно време не се двои од нив.

На култните бели патики во последно време не можат да им одолеат и многу познати девојки, а меѓу нив и дамите како Меланија Трамп, шведската принцеза Викторија и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -