fbpx
18 C
Skopje

Кина повикува на воздржаност од страна на САД во однос на Северна Кореја

АКТУЕЛНО

Во телефонски разговор со државниот глава на САД Доналд Трамп, кинескиот претседател Си Ѕинпин го повика лидерот на Вашингтон за “воздржаност” во однос на Северна Кореја. Повикот од страна на претседателот  на Кина доаѓа само неколку дена пред пристигнувањето на американската ударна група од неколку бродови носачи на авиони во близина на Корејскиот полуостров, пренесуваат странските медиуми.

„Кина се надева дека засегнатите страни можат да покажат воздржаност и да избегнат активности, кои би ги зголемиле тензиите на Корејскиот полуостров”, истакнал Си Ѕинпин пред својот американски колега.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -