Шенжен стана првиот кинески град што ја забрани продажбата и потрошувачката на месо од кучиња и мачки. Ваквата одлука доаѓа по појавата на коронавирусот кој беше поврзан со месото од животинскиот свет поради што кинеските власти ги забранија трговијата и потрошувачката на диви животни.
Шенжен отиде чекор напред и ја прошири забраната да важи и за кучиња и мачиња, а не само за диви животни. Новиот закон т.е одлука ќе стапи на сила на 1 мај.
Триесет милиони кучиња годишно се убиваат низ Азија за месо, вели Humane Society International (HSI).
Сепак, практиката да се јаде месо од кучиња во Кина не е толку вообичаена – поголемиот дел од луѓето никогаш не го сториле тоа и велат дека не сакаат.
Оваа забрана одговара и на духот на човечката цивилизација“.
Сепак, во исто време со оваа одлука, Кина ја одобри употребата на жолчка од мечка за лекување на пациенти со коронавирус.